- „Чувствувам дека сум полн со сила, имам многу искуство и натпревари зад себе, мислам дека сега е вистински момент да одам некаде каде што можам да напредувам, да направам нови успеси, а можеби и да се преселам во нова лига“.
- „Впечатокот да ја победиш два пати Барселона е феноменален. Мислам дека оваа сезона тоа му успеа уште само на Баерн Минхен во ЛШ. На првиот меч одбранив пенал, а на другиот имав доста работа“.
- „Фалкао седи пред мене во соблекувална. Првиот пат кога се појави впечатокот ми беше импресивен, човекот едноставно е импресивен. Кога се претстави рече: Добар ден, јас сум Тигре Фалкао. Од ден за ден сфативме дека е голем фудбалер, а уште поголем човек. Многу е едноставен и феноменално е да го имате во соблекувална. Беше позитивен и кога не играше и секогаш е тука за тимот“, вели голманот на Македоија и Рајо Ваљекано во интервју за Моцарт Спорт.
- Протестите на навивачите на Лацио против Клаудио Лотито се одразуваат и финансиски врз клубот.
- Во првата кампања за обновување на сезонски билети, регистрирани се околу 2.000, што значи скоро 28.000 сопственици на сезонски, засега избраа да не ги потврдат своите места на стадион.
- Оваа бројка се однесува само на првиот дел од кампањата и затоа не го претставува конечниот број за сезоната 2026/27.
- Помеѓу 2022 и 2026 година, навивачката база беше стабилна со околу 30.000: 26.193 во 2022/23, 30.333 во 2023/24, 29.036 во 2024/25 и 29.918 минатата сезона. Континуитет кој сега ризикува нагло да биде прекинат.
- Откако Жозе Мурињо одлучил дека за младиот талентиран центарфор Гонзало Гарсија нема место во екипата и нема да добива доволно минутажа, кралскиот клуб брзо му најде нова средина.
- Англиски Фулам плаќа 70 милиони евра за потписот на младиот 22-годишен Шпанец роден во Мадрид.
- Како што пишува Кадена КОПЕ, фудбалерот кој на 39 настапи постигна 8 гола од кои 6 во Ла Лига минатата сезона, набрзо ќе се пресели на „Крејвен Котиџ“.
- Реал Мадрид заработи повеќе од сто милиони евра од продажба на играчи од нивната академија. Нико Паз замина за 60 милиони евра, Виктор Муњоз за 20 милиони евра, Алваро Родригез за 12,5 милиони евра, Рафа Мартин за 15 милиони евра, Алекс Хименез за 12,5 милиони евра, Марио Мартин за 3,5 милиони евра и Фран Гарсија за 4 милиони евра. Вкупно околу 107,5 милиони евра заработка.