- Долгогодишниот грчки шампион Олимпијакос минува низ резултатска криза па сезонава првпат после долги години се соочува со реални шанси да ја изгуби шампионската титула и тоа од најголемиот ривал Панатинаикос.
- Црвено-белите од Пиреја направија неколку тренерски смени, никако не го погодија правиот човек кој ќе направи хемија меѓу играчите, стручниот штаб и управата, па сега најнова вест од Грција е дека го пикирале Стивен Џерард, некогашниот капитен на Ливерпул за прв кандидат за нов тренер.
- Грчкото радио „Спорт ФМ“ пишува дека управата веќе одвоила неколку кандидати: Џерард, Гатузо, Џеси Марш и Естебан Камбијасо, а Стивен е најблизу до работата. Џерард доби отказ на почетокот на сезонава по очајните резултати со Астон Вила.
- Еурофарм Пелистер утревечер со почеток во 18:45 часот, го очекува исклучително важен натпревар на домашен терен против полскиот состав Вибжеже Гдањск во рамките на Европската лига на ЕХФ. Мора да победат доколку сакаат да останат во трка за пласман во елиминациската фаза.
- Пелистер минатиот вторник играше со Гумерсбах, во четвртокот гостуваше во Автокоманда, утре го пречекува Гдањск, в сабота го чека домашна пресметка со Охрид, а веќе следниот вторник патува во Шпанија на можеби клучниот дуел против Ла Риоха. Тоа се пет меча за само 15 дена.
- „Ниту едно тело за кратко време не може да се одмори кога играте три дерби-средби. Тоа никогаш повеќе не смее да се случи и мора да се интервенира во распоредот, да се одложи меч од првенството, бидејќи тоа е добро за македонскиот ракомет, за играчите да се претстават најдобро што можат. Играчите не се животни, се уморуваат – ако немаат време за рекуперација, тогаш не можат да го дадат својот максимум. Ниту едно тело не може да го издржи ова. Но, тоа е што е, мора да размислуваме за Гдањск и за тоа како да победиме“, порача Червар.
- Италијанскиот тенисер, второпласираниот тенисер на светската ранг листа, ќе оди на операција во вторник во Финска каде што ќе го оперира коленото, пишува италијански Ил Џорнале (Il Giornale). Целиот зафат ќе го предводи хирургот Ласе Лемпаинен кој оперирал многу фудбалери и други спортисти досега.
- Синер најверојатно ќе паузира и ќе се опоравува најмалку до сезоната на земјена подлога на пролет а би можел да се врати дури пред Вимблдон односно точно на 1 година од неговиот последен натпревар кога во финалето на овој турнир го совлада Александар Зверев и освои нов Гренд слем.