- Владата на Република Србија, во согласност со најавеното, на утринската седница донела решение за доделување парични награди за освојувачите на медали на Олимписките игри во Париз.
- Владата на Република Србија одлучила за златните олимпијци и нивните тренери да одвои по 200.000 евра колку што ќе земат олимписките шампиони: ватерполистите, нивниот селектор Урош Стефановиќ, Новак Ѓоковиќ и неговиот другар и селектор Виктор Троицки, Зорана Аруновиќ и Дамир Микец во стрелаштво и нивниот селектор Јелена Аруновиќ.
- За сребрениот медал таеквондистката Александра Перишиќ и нејзиниот тренер Петар Бутали ќе добијат награда од по 100.000 евра поединечно, а секој член на машката кошаркарска селекција и селекторот Светислав Пешиќ ќе добијат по 60.000 евра.
- Новак Ѓоковиќ од претходно најави дека оваа парична награда ќе ја донира во хуманитарни цели. Вкупната издвоена сума од српските власти е 4 милиони и 780.000 евра за нивните најдобри олимпијци летово.
- Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Чешка Давид Трунда изјавил дека во предлогот на Џани Инфантино за продажба на правата на Мундијал на приватна компанија гледа прилика за „дополнителен развој на националниот фудбал и вложување во инфраструктурата и младинските програми“.
- Планот на ФИФА односно на нејзиниот прв човек Инфантино е Светската фудбалска организација да основа нова компанија која би управувала со правата на Светските првенства во фудбал за мажи и Светско клупско првенство за жени и да овомозжи вле на приватен капитал. УЕФА и ЕУ бурно реагираа на оваа идеја.
- „Гледам конкретна корист за чешкиот фудбал низ блиска соработка со Џани Инфантино и неговиот тим. Секако потребно е да добиеме повеќе информации но мојот личен впечаток е дека овој план може да донесе многу позитивни ефекти“, рекол Трунда.
- Компанијата ФИФА Форвард Ентерпрајз би имала капитал од 20 милијарди долари кои би се распределиле на 211 членка на ФИФА. ФИФА би задржала мнозински контролен пакет а 20% од акциите би оделе на приватни инвеститори.
- Легендарниот италијански репрезентативец, Алесандро Неста преку суров пример само ја потврди очајната ситуација во која се наоѓа националниот тим на неговата земја.
- „Син ми кој има скоро 18 години, никогаш не ја гледал Италија на Светско. Кога ќе му кажам дека бевме светски прваци, тешко му е да поверува“, вели шампионот од Мундијалот 2006-та.
- За Неста, таа фраза сумира сè. Историска репрезентација, четири ѕвезди на градите, а сега цела генерација ја знае Италија само надвор од Мундијалите.