- Oна што треба најмногу да радува е фактот што репрезентативците во Вараждин покажаа една нова димензија на теренот, особено на тешките натпревари, а тоа ако сакате да го претворите во зборови значи: гордост, психолошка стабилност, соработка, љубов кон татковината, обединетост, дружељубивост, но и верба во сопствените можности.
- Една спортска крилатица вели: спортот е огледало на една нација, а токму капитенот Филип Кузмановски, Марко Митев, Иван Џонов, Ненад Костески, Мечка Лазаревски, Игор Ѓоргиев, Марко Кизиќ и другите другари, едноставно „гинеа“ на теренот во дресот со грбот на својата татковина, бранејќи ги чесно, храбро и пожртвувано боите на својата Македонија.
- Радоста и исполнетоста беа присутни во секој дом, во секое срце, во мислите на секој Македонец. Досегашниот успех на ракометарите со нивната енергија, пожртвуваност и борбеност, како и оној што во иднина ќе надоаѓа, треба да претставува патоказ и потврда за силината на македонскиот спорт, но и вовед во национално обединување.
- Легендарниот Хуан Себастијан Верон користи возвишувачки зборови за Нико Паз. Според него ѕвездата на Комо и на Аргентина, ќе ги достигне највисоките можни височини во фудбалот.
- „На 22 години, прави работи што сум ги видел само кај Меси и Марадона. Не велам дека ќе ги достигне тие нивоа, но ги поседува квалитетите за да се обиде да го постигне тоа. И му посакувам успех во остварувањето на таа цел.
- „Соиграчите постојано го бараат и му ја додаваат топката дури и кога е чуван, знаејќи дека тој ќе ги помине противниците со дриблинг и ќе ги остави далеку зад себе. Нико е лидер преку начинот на кој се движи и како се справува со одредени моменти во играта. Тој одлучува кога да го забрза или забави темпото, во зависност од ситуацијата на терено. Може да напаѓа од десната или левата страна, како и низ средината. Тој е секогаш во срцето на играта.
- Не сакам да правам споредби со играчи од различни епохи, но мислам дека Нико Паз е како Верон, само поместен 20 метри понапред. Носи голема вредност за Аргентина, која се обидува да се реизгради во ерата по Меси“, вели поранешниот аргентински репрезентативец.
- Македонскиот фудбалски талент Бленди Лачка го живее својот сон, откако доби можност да тренира со сениорскиот тим на Фенербахче со ѕвезди како Ромелу Лукаку, Н'Голо Канте, Нелсон Семедо, Милан Шкринијар и Едерсон.
- Младиот фудбалер, кој настапува за екипата до 19 години на турскиот гигант и е младински репрезентативец на Македонија.
- Лачка е производ на школата на Јанг Тим од Струга, каде што започнал да тренира уште на петгодишна возраст.