Спалети го сака Елиф Елмас во Јувентус?
17 јуни 2026
- Во морето вести за хет-трикот на Лионел Меси и двата гола на Халанд и Мбапе, од италијански Скај Спорт стигна вест дека тренерот на Јувентус Лучано Спалети побарал од управата на клубот да најде начин да го доведе Македонецот Елиф Елмас во Јувентус.
- Веста ја сподели најреномираниот италијански спортски новинар Џанлука Ди Марцио кој известува за трансферите.
- Спалети и Елмас успешно соработуваа во сезоната 2022/2023 кога со Виктор Осимен, Хвича Кваратцхелија и другите го освоија шампионското скудето во Серија А.
- Елмас е под договор со Ред Бул Лајпциг. Играше малку на позајмица во Торино, па минатата сезона беше назад во Наполи а сега се врати во бундеслигашот.
- Спалети сака да го донесе Елмас во Јувентус за да го засили офанзивниот дел од средниот ред.