- Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и дете на овој клуб, Пол Сколс отворено го кажа она што многумина го мислат за новата управа на чело со Сер Џим Ратклиф од кого очекуваа да го врати клубот на старите патеки.
- „66 евра за влезница е смешно... Ако помислиш на Манчестер, има многу сиромашни краеви и самиот Сер Џим Ратклиф е од Феилсворт која е сиромашна населба. Да земеш со себе дете (на натпревар на Јунајтед) тоа се 120 фунти, да земеш цела фамилија, тоа се 300-400 фунти, не е во ред. Скоро година дена се на чело на Јунајтед и уште се е лошо. Не можам да се сетам на нешто позитивно што го направија за фудбалскиот клуб. Работите се се полоши на терен така што не може да се плаќаат поскапи карти. Како бараш од навивач на Ман. Јунајтед да плати повеќе со она што е на теренот. Ако го споредиш Сир Џим Ратклиф со оние американски газди, сфаќаш дека на сите не им е гајле“, вели Сколс.
- Манчестер Јунајтед во моментов е на мизерно 13. место на табела, со 13 бода зад местото кое следна сезона води во Лига на шампиони.
- „Не се ограничувам со ништо“, изјави легендарниот Дидие Дешам минатиот јуни пред да ја заврши последната авантура на Светско првенство со Франција.
- Дешам ги водеше триколорите цели 14 години а на свои 58 години после јуни се реши да одмори од се и да ги наполни батериите. Негов наследник на клупата на Франција стана Зинедеин Зидан.
- Сега Дешам го поврзуваат со многу големи европски клубови како неговиот Јувентус во кого остави голем белег, така и Манчестер Јунајтед, пишува француски footmercato.net кој вели дека клубот од „Олд Трафорд“ бара замена за Мајкл Карик кого сензационалниот пресврт против Рома 3:2 од 0:2 му го продолжи макар на кратко престојот на клупата на Манчестер.
- Управата на Манчестер Јунајтед ги сонувала Јулијан Нагелсман и Унаи Емери но првиот веќе е пред договор да се врати во Ред Бул Лајпциг а вториот е врзан силно со договор за Астон Вила која што не сака да ја напушти.
- Украинскиот бек, Дмитро Горига кој лани доби македонски пасош, дебитираше со три гола на квалификацискиот дуел Македонија - Луксембург.
- „Пресреќен сум, искрено сум воодушевен од начинот на кој сум дочекан. Толку навивачи по мечот, ја чувствувам љубовта и затоа пак ќе повторам, ја чувствувам Македонија за своја и чест ми е што играм за оваа репрезентација. Прекрасно сум примен од соиграчите, малку време сум овде, верувам дека ќе биде уште подобро како што ќе минува времето“, изјави Горига после мечот.