- Ни стигна мејл од синот на Миљан Миљаниќ со мала исправка околу песните отсвирени за време на испраќањето во вечниот дом.
- Вчера беа 14 години од смртта на легендарниот страгег, кој оствари големи успеси со Црвена Ѕвезда, беше селектор на Југославија, а стигна и до тренерското столче на Реал Мадрид со кој стана два пати првак на Шпанија.
- „Почитувани
Во името на фамилијата Миљаниќ ве молам корегирај те го насловот. Легендата, нашиот татко и вујко Миљан Миљаниќ беше погребан само со песната Битола мој роден град изведена од блех оркестар.
Со почит, син Милош Миљаниќ и внук (од сестра Нада) Срџан Стојановиќ.
- P.S. Ви благодариме што се сетивте на Миљан и што сте напишале преубав текст“.
- Возачот на Мерцедес, Италијанецот Кими Антонели (19) е победник на трката за Големата награда на Јапонија, трета овосезонска трка од шампионатот Формула 1.
- Младиот Италијанец роден во Болоња, на легендарната патека „Сузука“ ја прослави втората победа по ред откако славеше на претходната трка во Кина. Антонели победи со десетина секунди предност во однос на Оскар Пјастри од Мекларен, а на трето место заврши Шарл Леклер од Ферари.
- Антонели сега стана најмлад лидер во историјата на Ф1, на возраст од само 19 години и 216 дена. Претходниот рекорд го држеше Луис Хамилтон од Ферари кој во 2007-ма како возач на Мекларен беше прв во генералниот пласман на само 22 години и 126 дена. Тогаш на крајот од сезоната Хамилтон заврши втор но од 2008-ма ја започна трофејната берба.
- Трката во Јапонија ја одбележа тежок и страшен судар на возачот на Хас, Оливер Берман. Младиот Британец изгуби контрола над болидот и излета од патеката, прелета неколку метри и удри во заштитната ограда. За среќа возачот на Хас минал без посериозни повреди.
- Турските медиуми објавија голем скандал со претседател на македонски прволигаш, вмешан во криумчарење на злато.
- Лицето Б.Х. било уапсено од страна на полицијата на патот меѓу градовите Батман и Сиирт на 24 март.
- Полицијата во возилото на претседателот на екипата од Првата македонска фудбалска лига открила злато со тежина од два килограми и 581 грам, кое е проценето на 300.000 евра.