- Ник Кирјос веќе не се фаќа за Новак Ѓоковиќ. Сега во прв план му е Бернард Томиќ, Австралиец со балканско потекло, подеднакво контроверзен како и Кирјос.
- Кирјос е 76. на АТП листа, Томиќ паднал на 418. место па сега се џангризаат преку социјални мрежи. Вториов дури и му понудил да дадат по 1 милион долари и да одиграат тениски меч па кој ќе победи да однесе 2 милиони долари. Му понудил да играат на негова омилена подлога, а ако сака може и баскет или бокс.
- Од Карло Анчелоти кој ќе се обиде да го вивне Бразил до светска шампионска титула на која чекаат 24 години, преку Лионел Скалони кој ќе проба со Меси да го одбранат пехарот освоен преку четири години, 48 предводници на репрезентациите ќе командуваат со своите играчи.
- Дик Адвокат со 78 години го одведе Курасао на прво историско Светско првенство но тој нема да ја води оваа селекција затоа што даде оставка од приватни причини. После него највозрасни селектори на Мундијалот остануваат Хуго Брос (74) на Јужна Африка и Мирослав Кубек (73) на Чешка.
- Најмлад е Германецот Јулиан Нагелсман со 38 години.
- Интересно, дури 28 од 48 селектори се странци, не се од земјата чија репрезентација ја водат, а никогаш не се случило странски селектор да освои Светско првенство.
- Во подкастот на Фудбалската федерација на Македонија воден од харизматичниот водител Златко Андоновски, македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Велковски раскажа за почетоците и текот на неговата богата кариера. Освојуваше титули и трофеи каде и да играше.
- На 16 години ја воодушеви македонската фудбалска јавност кога настапи за Работнички против Лацио. Карпошкото дете Дарко Велковски своите први фудбалски чекори ги направил во Македонија Ѓорче Петров, продолжил во Работнички кај тренерот Горан Петрески-Чунга Лунга а потоа продолжи во Вардар, Ријека, Ал-Етихак, Динамо Букурешт, Зрињски Мостар...
- Тој е еден од ретките кој играл и младинско Европско првенство и сениорско со Македонија.
- Сега на 31 година е во Вардар со кого ја освои шампионската титула сезонава 2025/2026.