- Триесет и шест годишниот Љоренте е нов член на шпанскиот второлигаш Еибар. По споразумен раскин на договорот со Удинезе, високиот центарфор се договорил со клубот кој од клупа го предводи тренерот Гаизка Гаритано со кого Љоренте го играше најдобриот фудбал во кариерата во Атлетик Билбао.
- Горостасот од Памплона е легенда на Атлетик за кого на 262 меча постигна 85 гола. Одличен беше и во Јувентус каде на 66 натпревари даде 23 погодоци.
- Кариерата го носеше во Севиља, Свонси, Тотенхем Хотспур, Наполи и Удинезе. За шпанската репрезентација има 24 настапи и 7 гола.
- Еибар во моментов после 12 кола е втор во Сегунда со 24 освоени бода и реални шанси на крајот да обезбеди пласман во Примера.
- Љоренте во кариерата освои: со Шпанија - Светско првенство (2010), Европско првенство (2012), 3 скудета со Јувентус (2013/2014, 2014/2015, 2015/2016), Куп на Италија (2014/2015), 2 Суперкупа на Италија (2013 2015), Лига Европа со Севиља (2015/2016), Куп на Италија со Наполи (2019/2020). Играше 2 пати во финале на Лига на шампиони: со Јувентус (2014/2015) пораз од Барселона и со Тотенхем (2018/2019) пораз од Ливерпул.
- За првпат во историјата, манифестацијата на Златната топка ќе се одржи во Лондон, а претходно традиционално се одржуваше во Франција. Тајноста никогаш не била поголема.
- За првпат ниту победникот не е известен претходно и тој самиот ќе дознае вечерва кога ќе биде отворено пликото со неговото име во Лондон. Претходно, „Франс Фудбал“ го известуваше добитникот на наградата и правеше интервју.
- Номинациите се објавуваат неколку месеци пред самата церемонија. Потоа започнува гласањето, во кое учествува по еден новинар од секоја од 100-те најдобро рангирани репрезентации на ранг-листата на ФИФА.
- Неверојатниот Италијанец Андреа Кими Антонели кој има 20 години и наскоро би можел да стане најмладиот светски шампион во Формула 1, славеше на трката за Големата награда на САД, во Остин.
- И покрај тоа што оствари доминантна победа, тоа не му беше доволно да ја освои шампионската титула која ќе почека најверојатно седум дена до следната недела во Мексико.
- Антонели ја запиша 9. победа сезонава во потрага по својата прва шампионска титула, а резултатите на неговите главни ривали го спречија уште сега да слави. Тој има огромна предност од 123 поени на 5 трки пред крајот на сезоната.
- На следната трка во Мексико Сити во недела ќе има многу полесна задача затоа што дури и 9. место и евентуални 2 поени би му ја донеле сигурно и математички титулата. Треба да стане најмлад шампион во историјата на Ф1.
- Со него во Остин на победничкиот трон се качија уште и Шарл Леклер од Ферари и четирикратниот шампион Макс Ферстапен од Ред Бул. Во генералниот пласман Кими Антонели е прв со 365 поени, втор е неговиот клупски колега Џорџ Расел од Мерцедес со 242 поени, трет е Луис Хамилтон од Ферари со 241 поен а четврти Макс Ферстапен со 236 поени.