- Времето на довчерашниот тренер на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг, заврши во Баер Леверкузен по само два натпревари во Бундеслигата.
- Веста веќе ја објавија повеќе светски медиуми, меѓу кои и Goal.com, а истото го тврди еден од најголемите инсајдери за трансфери, Фабрицио Романо.
- Баер Леверкузен има само еден бод по првите две кола, а бодовите ги загуби после водство. Во прво коло загуби 1:2 од Хофенхајм после предност уште во 6 минута, а викендов одигра реми и прими гол во 94-та минута, иако водеше 1:3 на гостувањето против Вердер Бремен.
- Фармацевтите под водство на Чаби Алонсо преклани беа хит број 1 во Европа и без пораз ја освоија првата титула во Бундеслигата. Но, летово останаа без најважните играчи како Вирц, Фримпонг, Џака и Тах.
- Предводниците на Шкендија уште еднаш го допреа дното, откако со срамна фотографија го најавија дербито со Вардар, закажано за в сабота во Гостивар, преку која го навредија противникот, ФФМ, но пред сè сите христијани во Македонија.
- Според теолозите, ваквата презентација на светиот христијански симбол е огромна навреда, особено кога доаѓа од претставници на друга религија.
- Објавувањето на превртен крст со цел да се навреди христијанството е строго забрането според самото исламско учење. Но, навредувачите од тетовскиот тим не знаат дека со ваквото омаловажување на крстот како верски симбол истовремено направиле и грев во својата исламска вера, пишува Спорт1.
- Селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список од 35 ракометари кои ќе конкурираат за настап на почетокот од квалификациите за Европското првенство во 2028 година.
- Од оваа група, стручниот штаб дополнително ќе избере 16 ракометари кои ќе ги одиграат двата воведни натпревари. Првиот квалификациски дуел е закажан за 4 ноември (19 часот), кога Македонија ќе го пречека Луксембург, додека четири дена подоцна (8 ноември во 16 часот) нашиот национален тим ќе гостува кај Грција во градот Халкида.
- Прв повик доби натурализираниот Украинец, кој настапува за Пик Сегед Дмитро Хориха, како и Мартин Томовски кој брани одлично за Битигхајм. Сите други ракометари се од домашното првенство.