Шампионот падна во Охрид, Манасков заврши во станица
15 декември 2025
- Амбициозниот Охрид го совлада Пелистер со 29-25 и му нанесе болен пораз на актуелниот македонскиот првак, кој пак заостанува 4 бода зад големиот ривал Вардар.
- Дејан Манасков, бил приведен од охридската полиција поради инцидент кој се случил веднаш по завршувањето на натпреварот.
- При меѓусебното поздравување на играчите, левото крило на битолскиот тим физички го нападнал помошниот тренер на домаќините. По целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.