Седлоски: На Кошево сакаме да уживаме и да ве победиме
6 мај 2026
- Македонија на 29 мај ќе ја испрати БиХ на Светско со пријателски натпревар кој е веќе распродаден на стадионот во Кошево. Нашиот селектор Гоце Седлоски зборуваше за дуелот во интервју за Вјести.ба.
- „Кој ја победува Италија, може да победи секого. Верувам дека можете да направите голем резултат. Ќе биде спектакл – и така треба да биде, бидејќи играте на Светско првенство. Но, ние доаѓаме да се покажеме во најдобро светло, да одиграме квалитетен меч и публиката да ужива“
- „Се надевам дека моите зборови ќе добијат тежина по Светското првенство и дека ќе бидам во право за настапот на Босна. Ви посакуваме сè најдобро, но на Кошево сакаме да уживаме и да ве победиме“, вели Седлоски