- Триесет и две годишниот Јанис Тима, поранешен репрезентативец на Латвија и кошаркар на Зенит, Химки и УНИКС, пронајден е мртов синоќа во Москва.
- Руските медиуми пишуваат дека тој оставил проштална порака со бројот на неговата доскорешна сопруга Ана Седокова и натпис: „Јавете и се“. Со неа во брак бил од 2020-та а претходно бил во брак со друга жена со која го има синот Кристијан.
- Јанис Тима важеше за одличен, врвен кошаркар а во последно време, пишуваат руските медиуми, имале тежок и тензичен однос со сопругата Седокова со која се развеле пред неколку месеци. Нејзе ѝ било роденден во понеделникот а тој во објава на социјалните медиуми го напишал датумот на своето раѓање и својата смрт.
- Тима ја почнал професионалната кариера во родниот град, во клубот АСК Рига. Мемфис Гризлис го одбрале како 60-ти пик на драфтот во 2013-та година. Го трампаа во Орландо Меџик а подоцна се врати во Европа каде играше за Басконија, Олимпијакос, Химки, УНИКС и Дарушафака.
- Легендарниот Хуан Себастијан Верон користи возвишувачки зборови за Нико Паз. Според него ѕвездата на Комо и на Аргентина, ќе ги достигне највисоките можни височини во фудбалот.
- „На 22 години, прави работи што сум ги видел само кај Меси и Марадона. Не велам дека ќе ги достигне тие нивоа, но ги поседува квалитетите за да се обиде да го постигне тоа. И му посакувам успех во остварувањето на таа цел.
- „Соиграчите постојано го бараат и му ја додаваат топката дури и кога е чуван, знаејќи дека тој ќе ги помине противниците со дриблинг и ќе ги остави далеку зад себе. Нико е лидер преку начинот на кој се движи и како се справува со одредени моменти во играта. Тој одлучува кога да го забрза или забави темпото, во зависност од ситуацијата на терено. Може да напаѓа од десната или левата страна, како и низ средината. Тој е секогаш во срцето на играта.
- Не сакам да правам споредби со играчи од различни епохи, но мислам дека Нико Паз е како Верон, само поместен 20 метри понапред. Носи голема вредност за Аргентина, која се обидува да се реизгради во ерата по Меси“, вели поранешниот аргентински репрезентативец.
- Македонскиот фудбалски талент Бленди Лачка го живее својот сон, откако доби можност да тренира со сениорскиот тим на Фенербахче со ѕвезди како Ромелу Лукаку, Н'Голо Канте, Нелсон Семедо, Милан Шкринијар и Едерсон.
- Младиот фудбалер, кој настапува за екипата до 19 години на турскиот гигант и е младински репрезентативец на Македонија.
- Лачка е производ на школата на Јанг Тим од Струга, каде што започнал да тренира уште на петгодишна возраст.