- По повод големиот јубилеј 80 години од основањето на Кошаркарскиот клуб Работнички, сега КК Работнички АД Скопје, кој првиот натпревар го одигра на големиот празник Илинден во 1946 година, интензивно се подготвува, и наскоро на Ју-тјуб ќе почне да се емитува видео серијал.
- „Тоа се мошне интересни разговори, што се водени главно, со голем дел од легендарните кошаркари и тренери во клупската историја, а беа снимени во текот на изминативе 50-ина дена“, соопштуваат од клубот на нивната Фејсбук страница.
- Дел од соговорниците се: Александар Књазев, Радосављевиќ, Митко Луковски, Ѓорѓевски, Давитков, Докузовски, Марко Ивановиќ, Вукадиновиќ, ќе бидат прикажани и епизоди во кои соговорници се јавни личности – вклучително и љубители на нашиот клуб Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, легендарниот фудбалер Дарко Панчев, Влатко Стефановски, проф. Д-р. Љубомир Кекеновски и многу други изненадувања од земјава и регионов...
- Серијалот го подготвува следниов тим од четворица ентузијасти: Тадеј Здравкоски, Живко Здравкоски, Михаил Јосифовски и Даниел Зарев.
- На рангирањето на УЕФА, Македонија е во група од седум земји кои моментално останаа само со еден претставник во Европа.
- Македонскиот фудбал на клупски план моментно е во ранг со земји како Лихтенштајн, Малта, Гибралтар, Црна Гора, Велс и Сан Марино.
- Вардар испадна од Рига, а Силекс од Динамо Минск во квалификациите за Конференциска лига. Само Шкендија уште е во игра на меѓународна сцена. В четврток во Скопје ќе играат реванш дуел против Браво од Словенија, кој има предност од 2:1 од првиот дуел.
- Легендарниот Роберто Манчини повторно ќе седне на селекторското столче на Италија откако денес се договорил со првиот човек на Фудбалската федерација на оваа земја, Џовани Малаго.
- Првично откако Паоло Малдини и Леонардо добија функции во италијанскиот фудбалски сојуз, овие двајца го сакаа Андреа Пирло за нов селектор. Претседателот на федерацијата Малаго категорично го одбил тој предлог после што двајцата после само 16 дена заминале од функцијата зошто „зборот не им вредел“.
- За нов технички директор е назначен Клаудио Раниери.
- Роберто Манчини за некој ден ќе биде претставен како нов селектор на Италија. Тој веќе ги водеше аѕурите и им донесе европска шампионска титула во 2021 во епското финале против Англија на „Вембли“. Тој беше тренер и на Лацио, Интер, Галатасарај и Зенит а ја водеше и селекцијата на Саудиска Арабија.