- Претседателот на најтрофејниот руски клуб, гигантот ЦСКА Москва Сергеј Ватутин има свое мислење за се погласните шпекулации дека НБА планира да влезе сериозно во Европа преку проектот НБА Европа.
- НБА нема никаква врска со традиционалните европски кошаркарски вредности и би можела да ја упропасти, советуваат стручњаците. Едно е сигурно, Европа би бимала повеќе пари преку тој проект но многу лесно би можело и да се упропасти се она што Евролига макотрпно го изгради низ годиниве.
- „Дејвид Штерн (НБА комесар од 1984-та до 2014-та) со својот тим ја 'измисли' кошарката по втор пат. Ја претвори од лига која губи пари во успешно комерцијално претпријатие. Требаше време и труд па им се исплатеше. Отприлика така работиме и во Европа во последните 20 години. Суштински НБА Европа е проширување на НБА лигата. Европските клубови нема да играат против Лејкерс, Селктис или Никс, нема да учествуваат на драфтот, ниту пак на гости ќе ни доаѓаат Никола Јокиќ и Шеј Гилџес Александер. Ќе биде копија на постоечкото со полузатворен систем на учесници. Можно е натпреварите да траат по 48 минути, со три тајм-аути... НБА веќе имаше неуспешен проект во Африка кој се покажа непрофитабилен и наскоро ќе згасне“, вели Ватутин во авторски текст за руски Спорт Експрес.
- Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Чешка Давид Трунда изјавил дека во предлогот на Џани Инфантино за продажба на правата на Мундијал на приватна компанија гледа прилика за „дополнителен развој на националниот фудбал и вложување во инфраструктурата и младинските програми“.
- Планот на ФИФА односно на нејзиниот прв човек Инфантино е Светската фудбалска организација да основа нова компанија која би управувала со правата на Светските првенства во фудбал за мажи и Светско клупско првенство за жени и да овомозжи вле на приватен капитал. УЕФА и ЕУ бурно реагираа на оваа идеја.
- „Гледам конкретна корист за чешкиот фудбал низ блиска соработка со Џани Инфантино и неговиот тим. Секако потребно е да добиеме повеќе информации но мојот личен впечаток е дека овој план може да донесе многу позитивни ефекти“, рекол Трунда.
- Компанијата ФИФА Форвард Ентерпрајз би имала капитал од 20 милијарди долари кои би се распределиле на 211 членка на ФИФА. ФИФА би задржала мнозински контролен пакет а 20% од акциите би оделе на приватни инвеститори.
- Легендарниот италијански репрезентативец, Алесандро Неста преку суров пример само ја потврди очајната ситуација во која се наоѓа националниот тим на неговата земја.
- „Син ми кој има скоро 18 години, никогаш не ја гледал Италија на Светско. Кога ќе му кажам дека бевме светски прваци, тешко му е да поверува“, вели шампионот од Мундијалот 2006-та.
- За Неста, таа фраза сумира сè. Историска репрезентација, четири ѕвезди на градите, а сега цела генерација ја знае Италија само надвор од Мундијалите.