- Селекциите на Русија и Белорусија добија специјални покани за Светско првенство (СП) за ракометарки до 16 години, што ќе биде нивни прв настап по пауза од четири години.
- Двете селекции ќе настапат на шампионатот, кој од 15 до 24 октомври ќе се одржи во Мароко, откако ИХФ ги укина санкциите кон нив и им овозможи на младите репрезентации повторно да се појават на меѓународната сцена. Русија и Белорусија последен пат настапија на големо европско натпреварување во 2022 година, по што следуваше повеќегодишна пауза поради војната со Украина.
- Пред доделувањето на специјалните покани, беа познати 11 учесници на премиерното издание на овој шампионат. Место обезбедија домаќинот Мароко, Гвинеја, Египет, Германија, Унгарија, Кина, Узбекистан, Мексико, САД, Парагвај и Аргентина. Со вклучувањето на Русија и Белорусија, бројот на учесници дополнително се зголеми, а турнирот добива и своја политичко-спортска димензија по враќањето на двете земји на меѓународната сцена.
- Реал Мадрид изгуби во градското дерби од Атлетико Мадрид на гости а после натпреварот Жозе Мурињо во свој стил, на прес-конференција покажуваше испечатени фотографии од грубите прекршоци на Ромеро и на Ли Канг-ин кои не биле сакцнионирани.
- Мурињо и играчите на Реал се жалат дека воопшто не биле заштитени од грубите стартови на фудбалерите на Атлетико Мадрид, ниту од главниот судија ниту од ВАР собата.
- Некогашниот легендарен фудбалер на Челси и Реал Мадрид, Клод Макелеле за Мурињо и Реал вели:
- „Не барајте жртвени јагниња во суддиите и одлуките кои ги носат тие. За мене очигледно е нешто друго. Не постои разбирање меѓу играчите на теренот, а ниту меѓу тренерот и играчите“.
- „Мурињо мора да разговара сериозно со своите фудбалери и да внесе некоја живост. Тимот изгледа слабо и многу лошо. Нема план за игра, нема апсолутно ништо во овој тим на Реал, освен некои индивидуални потези. Мора да имаме големи очекувања и да бараме многу повеќе од нив. Проблемот не е судијата и неговите одлуки, постои очигледен недостаток во овој тим. Изгледаат како тим кој нема јасни идеи и план за тоа што треба да прави на теренот, жестоко заклучува Клод Макелеле во анализата која ја направи за „ЕСПН“.
- Легендарниот напаѓач на Интер, почина на 83-годишна возраст. Целата кариера му ја посвети на клубот од Милано каде запиша 417 настапи и 116 гола во 17 сезони (1960-1977).
- Сметан е за еден од најдобрите играчи на сите времиња. Освои 4 титули во Серија А и по две во Купот на шампионите и Интерконтиненталниот Куп. Една сезона бил и најдобар стрелец во Серија А.
- За Италија одигра 70 меча, постигна 22 гола и стана европски првак во 1968-ма. Стана и финалист на СП 1970, но загуби од Бразил на Пеле. Во 1971-ва беше втор во изборот на Златна топка.