- Шпанска „Марка“ во своето денешно издание пишува дека португалскиот ас наводно и неофицијално веќе ги договорил деталите за трансфер во клубот Ал Наср во Саудиска Арабија.
- Кристијано би требало да добие околу 200 милиони евра за година ипол во овој клуб. За него имало интерес и од некои клубови од МЛС лигата во САД, така што прашање на време е каде ќе продолжи во јануарскиот преоден рок.
- Роналдо и Манчестер Јунајтед взаемно го раскинаа договорот пред неколку дена, додека тој е уште во Катар каде го чека трето коло од групна фаза и осминафинале со Португалија.
- „Секогаш се обидувам да го дадам мојот најдобар перформанс на тренинг и сум многу задоволен од моите интервенции и од можноста да му помогнам на тимот“.
- „Работев многу за да бидам добро, се чувствувам добро и давам максимум на секој тренинг и натпревар. Најважната работа е тимот и трите бода на секој натпревар. Јас сум во мојот најдобар момент во Валенсија, но можам да дадам повеќе.“
- „Секогаш сум бил смирен, со самодоверба, бидејќи знам на што сум способен и што сум постигнал досега. Секогаш се обидувам да им дадам смиреност и сигурност на моите соиграчи“, вели Димитриевски во интервју за VCF Media Radio’s Informatiu.
- На Светското првенство во снукер, Иранецот Хосеин Вафаеи направи големо изненадување откако го совлада светскиот број 1 Британецот Џуд Трамп 13-12 и се пласираше во четвртфиналето.
- Интересно Вафаеи требаше да помине низ квалификациите за да се пласира на Светското првенство. Тој го победи фаворитот за титулата Џуд Трамп и тоа е најголемо изненадување на целиот турнир.
- „Не се плашам од ниеден од нив и тие го знаат тоа“, рекол Иранецот Вафаеи за БиБиСи после големата победа во Шефилд, Англија.