РК Охрид го надигра РК Вардар и го освои турнирот во Струга
16 август 2026
- Ракометарите на Охрид се освојувачи на традиционалниот и реномиран меѓународен турнир „Струга 2026“. Во големото финале Охриѓани го совладаа шампионот на Македонија РК Вардар 1961 со 31-30.
- Охрид водеше на полувреме 15-13, црвено-црните заиграа подобро во вториот дел и направија целосен пресврт 19-18. Но „гладијаторите“ на крај се изборија за триумф 31-30 и прв пехар на овој турнир.
- Најефикасен на теренот беше Филип Талески кој неодамна го засили Охрид со 9 гола а кај Вардарци Египќанецот Мохаб Абделхак постигна 8 погодоци.
- На 54. издание на традиционалниот турнир ракометарите на Прилеп завршија трети откако го совладаа домаќинот Струга 30-28 пред преполни трибини на отвореното игралиште „Горан Попоски - Бабец“. Никола Шипинкоски беше прв стрелец со шест гола а Андреј Стојановски даде пет погодоци кај победникот кај кого блескаше и голманот Благојче Трајковски со 13 одбрани. Кај Стружани Никола Јукиќ постигна седум погодоци а Костадин Петров шест гола.