- Ракометната федерација на Македонија упатува голема благодарност до сите кои безрезервно дадоа поддршка на машката репрезентација во победата над Фарски Острови.
- Во рамките на своите програмски определби РФМ како приоритет број 1 ги има промоцијата и унапредувањето на македонскиот ракометен спорт во меѓународни рамки.
- Честитки до сите македонски селекции кои обезбедија учество на континентално или мундијалско првенство, стои во соопштението на РФМ.
- Покрај машката сениорска репрезентација, пласман на Светско првенство обезбеди и женската јуниорска репрезентација.
- Шпанските медиуми пренесуваат чудна и несфатлива вест во пресрет на дуелот меѓу Арсенал и Атлетико Мадрид од 3. коло од ЛШ.
- Фудбалерите на шпанскиот тим после синоќешниот тренинг не можеле да се истушираат, бидејќи на Емирати немало топла вода.
- Биле принудени испотени да го напуштат Емирати и се пожалиле во УЕФА дека добиле несоодветен третман од страна на домаќините.
- Како што пишува порталот Баскет Њуз, 13 акционерски клубови во Евролигата денес го разгледувало враќањето на Макаби и Хапоел во Тел Авив, во нивните сали каде не играа уште од започнувањето на војната во Газа.
- Одлучено е двата израелски трофејни кошаркарски колективи да се вратат во своите сали од почеток на декември.
- Кошаркарскиот Макаби Тел Авив од октомври 2023-та играше во белградската сала „Александар Николиќ“, а Хапоел настапуваше во бугарската „Арена 8888“ во Софија и повремено во Самоков и Ботевград.
- Фудбалскиот клуб Макаби Тел Авив од 2023-та година ги играше натпреварите од еврокуповите како домаќин во српскиот град Бачка Паланка.
- Сега конечно ќе се вратат дома меѓу своите навивачи каде и обата клуба имаат огромна поддршка.