- Никола Јокиќ летово стана светска вест број 1 откако со неверојатни бројки во плејофот го однесе својот Денвер Нагетс во финалето а таму блесна и заслужено го освои шампионскиот трофеј и МВП наградата за најдобар играч.
- Малку е позната кариерата на Јокиќ пред НБА. Тој играше во српскиот клуб Мега Визура (подоцна Мега Лекс), клуб финансиран и воден од познатиот менаџер Мишко Ражнатовиќ.
- Во оваа екипа Јокиќ одиграл три одлични сезони во АБА лигата под водство на тренерот Дејан Милојевиќ кој веќе неколку години му е помошник тренер на Стив Кер во шампионскиот Голден Стејт Вориорс. Јокиќ учел и од прекалениот центар Ратко Варда кој едно време играше и во македонското првенство за Кожув а богатата кариера ја направи во Партизан, Детроит Пистнс, Реал Мадрид, Бешикташ, Жалгирис, Химки....
- „Кога дојдов во Мега, таму скоро сите беа деца од 18 до 21 година. Тоа беше пред сам крај на мојата кариера, имав 35 години. Ќерка ми имаше тогаш 14 години а оини имаа по 17-18. Беа таму Јокиќ, Василије Мициќ, Немања Дангубиќ, заштитнички се однесував кон нив“, вели Варда.
- Еурофарм Пелистер утревечер со почеток во 18:45 часот, го очекува исклучително важен натпревар на домашен терен против полскиот состав Вибжеже Гдањск во рамките на Европската лига на ЕХФ. Мора да победат доколку сакаат да останат во трка за пласман во елиминациската фаза.
- Пелистер минатиот вторник играше со Гумерсбах, во четвртокот гостуваше во Автокоманда, утре го пречекува Гдањск, в сабота го чека домашна пресметка со Охрид, а веќе следниот вторник патува во Шпанија на можеби клучниот дуел против Ла Риоха. Тоа се пет меча за само 15 дена.
- „Ниту едно тело за кратко време не може да се одмори кога играте три дерби-средби. Тоа никогаш повеќе не смее да се случи и мора да се интервенира во распоредот, да се одложи меч од првенството, бидејќи тоа е добро за македонскиот ракомет, за играчите да се претстават најдобро што можат. Играчите не се животни, се уморуваат – ако немаат време за рекуперација, тогаш не можат да го дадат својот максимум. Ниту едно тело не може да го издржи ова. Но, тоа е што е, мора да размислуваме за Гдањск и за тоа како да победиме“, порача Червар.
- Италијанскиот тенисер, второпласираниот тенисер на светската ранг листа, ќе оди на операција во вторник во Финска каде што ќе го оперира коленото, пишува италијански Ил Џорнале (Il Giornale). Целиот зафат ќе го предводи хирургот Ласе Лемпаинен кој оперирал многу фудбалери и други спортисти досега.
- Синер најверојатно ќе паузира и ќе се опоравува најмалку до сезоната на земјена подлога на пролет а би можел да се врати дури пред Вимблдон односно точно на 1 година од неговиот последен натпревар кога во финалето на овој турнир го совлада Александар Зверев и освои нов Гренд слем.