Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Разно
    • Кец у два
    • Навивачи
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • Фудбал
  • Кошарка
  • Ракомет
  • Разно
  • Кец у два
  • Навивачи
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Offside › Набрзинка

Распродадени картите за дербито Еурофарм Пелистер - Вардар

7 февруари 2024
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Во сабота од 18 часот во салата „Боро Чурлевски“ во Битола ќе се одигра големото ракометно дерби меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар во рамки од плејофот во Суперлигата. Од битолскиот клуб соопштија дека сите карти за мечот се распродадени за помалку од два дена.
  • Ова ќе биде четврто овосезонско дерби, Вардар победи два пати, во Суперкупот и во првото коло од Суперлигата во Скопје, а потоа црвено-црните ремизираа во Битола и пренесоа максимален број бодови во плејофот. Толку бодови има и Алкалоид а Пелистерци имаат два бода и со императив победа ќе влезат во дербито.
  • РФМ за главни судии на мечот ги одреди најдобрите македонски арбитри Драган Начевски и Славе Николов.
извор

Јаник Синер оди на операција и нема да игра до пролет

23 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Италијанскиот тенисер, второпласираниот тенисер на светската ранг листа, ќе оди на операција во вторник во Финска каде што ќе го оперира коленото, пишува италијански Ил Џорнале (Il Giornale). Целиот зафат ќе го предводи хирургот Ласе Лемпаинен кој оперирал многу фудбалери и други спортисти досега.
  • Синер најверојатно ќе паузира и ќе се опоравува најмалку до сезоната на земјена подлога на пролет а би можел да се врати дури пред Вимблдон односно точно на 1 година од неговиот последен натпревар кога во финалето на овој турнир го совлада Александар Зверев и освои нов Гренд слем.
извор

Алпинистот од Велес, Бобо Димовски го спасил српскиот алпинист кој се повреди во кањонот Демир Капија

23 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Во саботата околу пладне, српски рекреативен алпинист паднал при искачување на карпите над реката Вардар во кањонот кај Демир Капија. Тој бил дел од група од седум алпинисти од Србија, кои практикувале спортско качување по стрмните карпести гребени, кога се случила несреќата.
  • За драматичниот настан кажуваат и други српски туристи, кои вчера биле во кањонот на Вардар кај Демир Капија.
  • „Пријде група за искачување, исто така од Србија, и побара полесна рута. Им ги предложив насоките ‘Полжав‘ и ‘Тулумба‘, а потоа ги оставив. Јас со сопругата се искачувавме по друга насока. Тие се одлучија за ‘Полжав‘ и тргнаа во две групи од по три лица. По еден час слушнавме повици за помош. Се упативме кон нив, а пристигна и член на АК ‘Велес ин‘, планинарот Бобо, кој храбро се искачи до повредениот Цобе и го симна. Таму веќе беа припадниците на специјалната единица ‘Волци‘, кои започнаа постапка за негово пренесување преку Вардар. Повредениот имаше најмалку две тешки повреди, отворени скршеници на ногата“, вели српскиот турист очевидец.
  • Од карпите, каде што повредениот висел на јаже на височина од околу 20 метри, го спасувал и велешкиот алпинист Слободан Бобо Димовски, кој во тој момент исто така бил на искачување.
  • „Околу пладне слушнавме врисоци, лелеци и повици за помош. Веднаш се упатив кон местото од каде што доаѓаа повиците. Видов дека човек виси на јаже и дека има обилно крвавење. Се искачив до него и го симнав на земја. Побаравме помош од Центарот за управување со кризи (ЦУК) и побаравме да биде испратен хеликоптер, бидејќи се наоѓавме од другата страна на Вардар и немаше можност повредениот да биде пренесен преку реката. Тој беше во тешка состојба. Имавме среќа што тој ден припадниците на армиската специјална единица ‘Волци‘ имаа тренинг во близина. Тие беа на истата, левата страна од реката, каде што не можеше да пристапи лекар. Припадниците на единицата пристигнаа, му укажаа прва помош и го имобилизираа. Потоа со јаже го префрлија преку реката, каде што го чекаше екипа на Итната медицинска помош“, вели Димовски.

 Секторот за внатрешни работи (СВР) Велес:

  • „Според пријавеното, С. Ж., кој бил главен инструктор во планинарско-спортското друштво ‘Стена‘ од Белград, се искачувал заедно со уште шест алпинисти од Република Србија по веќе поставена алпинистичка насока. Притоа, тој посочил дека карпите се кршливи и лизгави. Во еден момент, при искачувањето, паднал од карпата, односно се откорнало парче од карпата. При падот, А. Т., кој го обезбедувал со јажето, успеал да го задржи на височина од околу 15 метри над земјата. Припадници на специјалната единица на Армијата, ‘Волци“‘ кои биле во близина и изведувале алпинистичка вежба, му укажале прва помош и го извлекле на безбедно и пристапно место“, рече Биљана Ѓаковска од СВР Велес.
  • Со возило на Итната медицинска помош од Неготино повредениот бил пренесен во Општата болница во Велес, каде што било констатирано дека е тешко повреден.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Offside
1

Записи од српската еуфорија

Балканштина
2

Напредни проблеми во бугарскиот јазик

Балканштина
3

Кај ти текнуваат такви работи?

Забава
4

(Само) Дино Мерлин би рекол: Шилегов, врати се!

5

Свињите ѝ обезбедија енергетска независност на Данска

Занимливости
6

Ако викендов ви е лош, тешете се со Илон Маск

Разно
7

Кога жените ќе стивнат

Македонштина
8

Палмер Лаки планира град-држава среде океан

Технологија
1

Почнаа славите

Фудбал
2

Голеада за паметење во Бергамо, Елмас стрелец

Фудбал
3

Гери Невил шамари си маваше во студио

Фудбал
4

Меси удри играч со топка во глава

Фудбал
5

Како Ливерпул го прегази кутриот Манчестер Јунајтед

Фудбал
6

Нова ѕверска партија на Виктор Вембанјама

Кошарка
7

Луд кош со сирената, цела сала на Њујорк Никс во делириум

Кошарка
8

Јокиќ со моќен трипл-дабл и незапирливиот Мареј го урнаа Чикаго

Кошарка
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Напредни проблеми во бугарскиот јазик

Македонштина

Некои протестираат против миграцијата, некој против војните...

Балканштина

Мали тајни на хрватските мајстори на заверите

Македонштина

Кога жените ќе стивнат

Балканштина

Вам ви гледале на кафе за овој проблем?

Балканштина

Маца за сообраќајот: Дај, дај, дај!

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Extreme makeover: Чакаларов

Кубанските доктори стигнаа во Италија

Да ви покаже Скопје каков Њујорк знае да биде

Како се прочистува јетра?

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy