Распоред на Зимски олимписки игри - што ќе биде најинтересно за гледање?
6 февруари 2026
- Зимските олимписки игри за првпат се организираат во два града, во италијанските Милано и Кортина. Церемонијата на свечено отворање започнува вечерва од 20 часот а ќе се одржи на легендарниот стадион „Сан Сиро“ во Милано.
- На отворањето ќе настапат светски познати ѕвезди како Андреа Бочели, Мараја Кери, Лаура Паузини, Мадона и други.
- Златниот медал ќе тежи 506 грама од кои 500 грама е сребро а остатокот злато и ќе биде најскапиот медал за едни Зимски олимписки игри. Ќе се подели на најдобрите натпреварувачи во 16 дисциплини (8 спортови).