- Лидерот и рекордер по број на трипл-даблови во НБА лигата, ветеранот Расел Вестбрук (37) објави дека заминува од лигата после 18 сезони. Двократниот најдобар стрелец во лигата објави на друштвените мрежи видео во кое наратор е глумецот Мајкл Б. Џордан.
- Вестбрук беше избран како 4. пик на НБА драфтот во 2008-ма година од Сиетл Суперсоникс а дојде од УКЛА Универзитетот. Набрзо се пресели во Оклахома Сити. Ги одигра првите 11 сезони за Тандер и сочинуваше врвен тандем со Кевин Дурент со кого заедно се бореа за шампионската титула.
- Минатата сезона ја помина во Сакраменто Кингс а играше уште и за Вашингтон Визардс, ЛА Лејкерс, ЛА Клиперс и Денвер Нагетс. Во просек постигнуваше по 20,9 поени по натпревар, со 8 асистенции и 6,9 скока и 1,6 одземени топки. Имаше просек од 43,8% прецизност од поле, 30,8% за 3 поени и 77,1% од линијата за слободни фрлања.
- Се повлекува од НБА лигата и нејасно е дали ќе оди на друго место. Во меѓувреме имаше понуди од Евролига и од арапските земји. Се повлекува со 209 трипл-дабл учиноци пред Србинот Никола Јокиќ кој има 198.
- Фудбалската федерација на Македонија ги информира навивачите дека продажбата на влезниците за натпреварот Македонија – Швајцарија, кој ќе се одигра на 26 септември во Скопје ќе започне на 10. септември.
- Цената на влезниците се движи од 500 до 1.800 денари, во зависност од блокот и местото на трибините. ВИП билет чини 3.000 денари.
- Влезниците за натпреварот Словенија – Македонија, кој ќе се одигра на 29. септември на стадионот „Стожице“ во Љубљана, ќе бидат пуштени во продажба на 14. септември.
- Редовниот евролигаш Монако во последните година дена се соочи со страшни административни и финансиски проблеми па клубот практично беше пред распад. Пред неколку дена го исфрлија во трета француска лига, а на нивно место во Еврокуп ќе игра КК Босна во групата Д.
- Некогаш богатиот тим од кнежевството со сопственици милијардери сега изразил желба да се приклучи на силната регионална АБА лига, но од таму им одговориле дека „доцна се јавиле“ односно дека форматот и календарот веќе се востановени и првенството ќе почне како што е договорено, без измени.
- „Монако се јави во АБА лига со желба да игра АБА1 лига. Знаете ништо што се мина тој клуб во последните година дена. Кога се јавија ние веќе имавме направено формат и календар и не е можно да се приклучат. Мојот предлог на Собранието ќе биде да минат низ АБА 2 лигата и евентуално следната година да ги приклучиме во АБА 1 лига. За тој клуб мислам се најдобро, лично ги знам луѓето од нивната управа и жал ми е низ што поминаа“, рекол првиот човек на АБА лигата, Остоја Мијаиловиќ кој е и прв човек на КК Партизан.