Рајо Ваљекано бесен на судиите и Реал: „Со вас секогаш иста приказна“
2 февруари 2026
- Рајо Ваљекано одигра одличен натпревар пред преполн „Сантијаго Бернабеу“ и витешки му се спротивстави на големиот Реал Мадрид. Имаа 1-1 и бод до самиот финиш кога играа и со двајца исклучени играчи помалку, но дури во 90+10' минута судијата Дијаз де Мера свирна пенал за Реал Мадрид кој го искористи Килијан Мбапе за победа 2-1.
- Оваа спорна одлука на судиите ги разбеснаа гостинските фудбалери, тренерот и управата. Спортскиот директор на Рајо Давид Кобењо бил бесен на судијата па според извештајот на делегатот тој во повеќе наврати им се дерел на судиите: „Со вас е иста приказна секој натпревар!“.
- Кобењо ги навредувал и пцуел судиите и сега го чека казна од шпанската фудбалска кралска федерација.