- Фудбалската репрезентација на Србија го претрпе најголемиот дебакл во својата историја. Англија славеше 0:5 синоќа на стадионот „Рајко Митиќ“ а Англичаните можеа да дадат уште толку гола да не беше српскиот голман Петровиќ.
- Тотално бледата игра, без да се прејде половина во текот на целиот натпревар ја издепримира српската јавност. Навивачите уште на стадион бараа од селекторот Пикси да си замине а тој нема намера.
- „Мене ме загрижува неговата синоќешна изјава, неговите изјави никој не може да ги цитира, ниту многу поинтелегентни луѓе од мене... Да ја туриш вината на играчите, да им кажеш дека се спори, тромави, дека не играат, дека се без минутажа... Тоа го гледам како еден вид невоспитување и недоговорност на еден селектор кој ја претстаува државата.
- Резултатот не е изненадувачки. Англичаните се добра екипа со сериозен селектор. Германска дисциплина. Начинот на кој изгубивме ги фрла фудбалските навивачи во еден вид депресија. Тој (Пикси) како селектор не направи систем на игра, ниту избра група играчи кои ќе му играат константно“, заклучил Богдановиќ.
- Легендарниот Хуан Себастијан Верон користи возвишувачки зборови за Нико Паз. Според него ѕвездата на Комо и на Аргентина, ќе ги достигне највисоките можни височини во фудбалот.
- „На 22 години, прави работи што сум ги видел само кај Меси и Марадона. Не велам дека ќе ги достигне тие нивоа, но ги поседува квалитетите за да се обиде да го постигне тоа. И му посакувам успех во остварувањето на таа цел.
- „Соиграчите постојано го бараат и му ја додаваат топката дури и кога е чуван, знаејќи дека тој ќе ги помине противниците со дриблинг и ќе ги остави далеку зад себе. Нико е лидер преку начинот на кој се движи и како се справува со одредени моменти во играта. Тој одлучува кога да го забрза или забави темпото, во зависност од ситуацијата на терено. Може да напаѓа од десната или левата страна, како и низ средината. Тој е секогаш во срцето на играта.
- Не сакам да правам споредби со играчи од различни епохи, но мислам дека Нико Паз е како Верон, само поместен 20 метри понапред. Носи голема вредност за Аргентина, која се обидува да се реизгради во ерата по Меси“, вели поранешниот аргентински репрезентативец.
- Македонскиот фудбалски талент Бленди Лачка го живее својот сон, откако доби можност да тренира со сениорскиот тим на Фенербахче со ѕвезди како Ромелу Лукаку, Н'Голо Канте, Нелсон Семедо, Милан Шкринијар и Едерсон.
- Младиот фудбалер, кој настапува за екипата до 19 години на турскиот гигант и е младински репрезентативец на Македонија.
- Лачка е производ на школата на Јанг Тим од Струга, каде што започнал да тренира уште на петгодишна возраст.