Претседателот на ФИБА, легендарниот Шпанец Гарбахоса во посета на Гевгелија
12 август 2026
- Првиот човек на европската кошаркарска федерација ФИБА Хорхе Гарбахоса повторно во само неколку недели е во Македонија. Тој беше во посета на Гевгелија каде го следеше дуелот меѓу кадетските репрезентации на Македонија и Украина.
- Домаќини на Гарбахоса му беше раководството на КФМ и градоначалникот на Општина Гевгелија кои му подарија дрес од КК Кожува со што беше одбележана неговата посета на градот кој деновиве е центар на европската младинска кошарка.