- Независна комисија на англиската фудбалска Премиер лига му одзема 10 бода на Евертон поради наводно кршење на финансиски правила од правилникот. Оваа казна го фрла Евертон во зона за испаѓање а „карамелите“ имаат право на жалба.
- Од клубот од Ливерпул соопштија дека се шокирани и разочарани од одлуката и дека во најскор можен рок ќе ја обжалат. Ова значи дека Евертон сега има ист број бодови со последнопласираниот Барнли и дека од 14 бода сега има само 4.
- Светскиот рекет број 1 Јаник Синер денес преку видео порака на своите налози објави дека ја завршува сезоната предвреме. Причина за тоа е желбата да се опорави во целост од повредите.
- „Јас, заедно со лекарите решивме дека ми е потребен третман на коленото што значи дека сезоната 2026 е официјално завршена. Последните неколку години особено завршницата во Торино ми дадоа толку многу убави чувства и емоции кои годинава ќе бидат поинакви.
- Но во моментов размислувам и за мојата долгорочна кариера. Ќе направам се што е можно да се вратам 100% подготовен. Ви благодарам однапред за вашата поддршка и се надевам дека ќе ве видам многу, многу скоро пак на теренот“, рече Синер.
- Италијанецот сезонава доминираше и освои дури пет Мастерси во низа: Индијан Велс, Мајами, Монте Карло, Рим и Мадрид. Освои и Гренд слем титула на Вимблдон, а поради повреда изгуби од Серундоло на Ролан Гарос во Париз.
- Беира Салифоска, позната како Беки, уште еднаш покажа дека со упорност, поддршка и силна волја можат да се поместуваат личните граници. Заедно со својот асистент, таа успешно ги истрча сите 21 километар на Wizz Air Скопскиот маратон.
- Беира е лице со целосно оштетен вид од раѓање, а нејзиниот настап на полумаратонската дистанца претставува голем личен подвиг. Пред неколку години таа веќе беше дел од Скопскиот маратон, кога успешно ја заврши трката на 5 километри. Овојпат предизвикот беше повеќе од четирипати подолг.
- „21 километар храброст, сила и инспирација! „Горди сме на тебе, Беира! Ти си вистинска инспирација“, објавија од Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ – Скопје.