Премија од два милиони денари за секоја победа на ЕП, толку носи и втора фаза
5 јануари 2026
- Ракометната федерација на Македонија заедно со Министерството за спорт денес одржаа средба со репрезентативците и селекторот Кире Лазаров.
- Македонија ја чекаат настапи на Европско првенство а таму ќе игра во група со домаќинот Данска, Португалија и Романија. РФМ соопшти дека заедно со Министерството за спорт обезбедиле премија од два милиони денари за секоја победа на Евро 2026 и дополнителни два милиони денари за евентуален пласман во втора фаза.