- Фудбалскиот клуб Партизан веќе неколку години едвај преживуваше со претходната управа која за еднодецениско владеење буквално го спушти клубот на многу ниски гранки. Во меѓувреме дојде нова управа во која најмногу се истакнува некогашниот европски шампион со Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ.
- Новата управа донесе и новости (новости за овие простори) во управувањето, па отворено се разговара за секој проблем, па и за долговите кои со години беа најголема мистерија.
- „Во јавноста има многу инсинуации, ќе бидам конкретен. Долгот на клубот е 53.128.000 (пеесет и три милиони и сто дваесет и осум илјади евра). Кон клубови, домашни и странски долгот е 7.250.628 евра, од кои кон домашните клубови 1.883.187 милиони. На играчите, тренерите и стручњаците за спорт им се должи 10.227.000 евра од што на поранешните првотимци, тренери и скаути 4.674.000 евра. На активните во моментов им се должи сиот преостанат дел од долгот. Долгот по основ на данок изнесува 22.487.000 евра, кон менаџерите 6,8 милиони евра а останатите обврски изнесуваат 1.472.000 евра.“, отворено кажал Мијатовиќ на завршната прес-конференција на Партизан.
- Легендарниот Хуан Себастијан Верон користи возвишувачки зборови за Нико Паз. Според него ѕвездата на Комо и на Аргентина, ќе ги достигне највисоките можни височини во фудбалот.
- „На 22 години, прави работи што сум ги видел само кај Меси и Марадона. Не велам дека ќе ги достигне тие нивоа, но ги поседува квалитетите за да се обиде да го постигне тоа. И му посакувам успех во остварувањето на таа цел.
- „Соиграчите постојано го бараат и му ја додаваат топката дури и кога е чуван, знаејќи дека тој ќе ги помине противниците со дриблинг и ќе ги остави далеку зад себе. Нико е лидер преку начинот на кој се движи и како се справува со одредени моменти во играта. Тој одлучува кога да го забрза или забави темпото, во зависност од ситуацијата на терено. Може да напаѓа од десната или левата страна, како и низ средината. Тој е секогаш во срцето на играта.
- Не сакам да правам споредби со играчи од различни епохи, но мислам дека Нико Паз е како Верон, само поместен 20 метри понапред. Носи голема вредност за Аргентина, која се обидува да се реизгради во ерата по Меси“, вели поранешниот аргентински репрезентативец.
- Македонскиот фудбалски талент Бленди Лачка го живее својот сон, откако доби можност да тренира со сениорскиот тим на Фенербахче со ѕвезди како Ромелу Лукаку, Н'Голо Канте, Нелсон Семедо, Милан Шкринијар и Едерсон.
- Младиот фудбалер, кој настапува за екипата до 19 години на турскиот гигант и е младински репрезентативец на Македонија.
- Лачка е производ на школата на Јанг Тим од Струга, каде што започнал да тренира уште на петгодишна возраст.