- Откако во неделата вечер се комплетираше основниот дел од најдобрата македонска кошаркарска лига, сега се веќе познати сите парови за првата фаза од доигрувањето за титулата.
- Се чини дека сезонава е најнеизвесна во последните години и дека секој секого може да победи. Ќе има многу интересни натпревари уште на почеток а и до крајот до последните борби за шампионскиот пехар.
- Доигрувањето почнува идниот викенд, ќе се игра до три победи, а првите две средби ќе се играат кај домаќинот, а потоа следуваат две евентуални средби кај другиот тим, со евентуална мајсторка. ПАРОВИ: (1) МЗТ Скопје - Феникс, (2) ТФТ - Чаир, (3) Работнички - Пелистер, (4) МКК Куманово - Кожув. Двојки за полуфинале: Победник 1 - Победник 4, Победник 2 - Победник 3.
- Само два дена откако ненадејно почина Агрон Мемеди од Шкендија кој колабираше на тренинг, нова црна вест во македонскиот. На 46 години замина Владимир Секуловски.
- Беше во составот на националниот тим на квалификацискиот натпревар против Лихтенштајн за ЕП 2004 година, иако тогаш не доби можност да влезе во игра.
- Секуловски настапуваше за повеќе македонски екипи со кои освојуваше шампионски титули и Куп трофеи: Тетекс, Вардар, Слога Југомагнат, Работнички, Македонија Ѓорче Петров и Осогово.
- За сега нема официјални информации за причината за смртта.
- Долгогодишниот репрезентативец, Висар Муслиу, даде искрена изјава после големото разочарување на Македонија во Б дивизијата од Лигата на нации, каде ги загуби сите натпревари со гол разлика 1-15.
- „Ова е резултатска и играчка криза. Не покажавме добро нешто на терен, веќе десет натпревари не го даваме тоа што треба на терен. Мора да ставиме прст на глава, да размислиме како се однесуваме, како играме и мора да се подобри оваа ситуација.
- Тешко е дека може да извлечеме нешто позитивно од овој циклус, оваа ситуација мора детално и добро да ја анализираме и да се поправиме“, рече Муслиу.