Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Разно
    • Кец у два
    • Навивачи
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • Фудбал
  • Кошарка
  • Ракомет
  • Разно
  • Кец у два
  • Навивачи
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Offside › Набрзинка

Познат составот на Македонија, селекторот направи мало изненадување

11 ноември 2021
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Македонската фудбалска репрезентација од 18 часот на гости во Ереван против Ерменија го игра мечот од претпоследното коло во квалификациите за Светско првенство 2022 во Катар.
  • По серијата откази поради повреди - Адеми, Николов, Јаховиќ и Ракип и суспендираниот Стефан Ристовски, селекторот Милевски беше принуден да направи неколку измени во селекцијата.
  • Неочекуван стартер е Стефан Ашковски (29) од романскиот клуб Сепси. Ашковски игра како лев бек/лево крило. Во кариерата смени многу клубови и играше за Телеоптик, Партизан, Доњи Срем, Напредак, Стромсгодсет, Шкендија, Нови Пазар, Кајзери, Фортуна Ситард, Славија Софија, Ботошани и сега во Сепси. Кај претходниот селектор Игор Ангеловски не добиваше шанси. Вечерва во Ереван е предвиден на лево крило а зад него ќе игра Алиоски како бек.
  • Вечерва против Ерменија, во белата гостинска гарнитура ќе стартуваат: Столе Димитриевски, Дарко Велковски, Висар Муслиу, Еџзјан Алиоски, Тихомир Костадинов, Елиф Елмас, Енис Барди, Стефан Ашковски, Дарко Чурлинов, Александар Трајковски и Милан Ристовски.
  • Капитен ќе биде Енис Барди кој по заминувањето во пензија на Горан Пандев, е лидер на селекцијата.
  • Во нашата група Македонија и Ерменија имаат по 12 бода, а пред нас со само бод повеќе е Романија која вечерва од 20:45 игра против Исланд. Потребен ни е триумф на Исланѓаните или реми во Букурешт за со евентуална победа во Ерменија да бидеме втори на коло пред крајот.
  • Судиите доаѓаат од Шпанија, на чело со главниот арбитар Хозе Марија Санчез.
извор

Верон: Нико Паз прави работи што сум ги видел само кај Меси и Марадона

20 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Легендарниот Хуан Себастијан Верон користи возвишувачки зборови за Нико Паз. Според него ѕвездата на Комо и на Аргентина, ќе ги достигне највисоките можни височини во фудбалот.
  • „На 22 години, прави работи што сум ги видел само кај Меси и Марадона. Не велам дека ќе ги достигне тие нивоа, но ги поседува квалитетите за да се обиде да го постигне тоа. И му посакувам успех во остварувањето на таа цел.
  • „Соиграчите постојано го бараат и му ја додаваат топката дури и кога е чуван, знаејќи дека тој ќе ги помине противниците со дриблинг и ќе ги остави далеку зад себе. Нико е лидер преку начинот на кој се движи и како се справува со одредени моменти во играта. Тој одлучува кога да го забрза или забави темпото, во зависност од ситуацијата на терено. Може да напаѓа од десната или левата страна, како и низ средината. Тој е секогаш во срцето на играта.
  • Не сакам да правам споредби со играчи од различни епохи, но мислам дека Нико Паз е како Верон, само поместен 20 метри понапред. Носи голема вредност за Аргентина, која се обидува да се реизгради во ерата по Меси“, вели поранешниот аргентински репрезентативец.
извор

Од фудбалска школа во Струга, до тренинг со Лукаку и Канте

20 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Македонскиот фудбалски талент Бленди Лачка го живее својот сон, откако доби можност да тренира со сениорскиот тим на Фенербахче со ѕвезди како Ромелу Лукаку, Н'Голо Канте, Нелсон Семедо, Милан Шкринијар и Едерсон.
  • Младиот фудбалер, кој настапува за екипата до 19 години на турскиот гигант и е младински репрезентативец на Македонија.
  • Лачка е производ на школата на Јанг Тим од Струга, каде што започнал да тренира уште на петгодишна возраст.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Offside
1

Свињите ѝ обезбедија енергетска независност на Данска

Занимливости
2

Кога жените ќе стивнат

Македонштина
3

Палмер Лаки планира град-држава среде океан

Технологија
4

Записи од српската еуфорија

Балканштина
5

Ако викендов ви е лош, тешете се со Илон Маск

Разно
6

Вам ви гледале на кафе за овој проблем?

Балканштина
7

Нови квалитети денес ги прават децата паметни

Наука
8

Американска математика

Канта
1

Т'га за Манчестер Јунајтед

Фудбал
2

Што му стана? Дефанзивец на Порто со необјаснив автогол

Фудбал
3

Голманска лудост на денот

Фудбал
4

Меси удри играч со топка во глава

Фудбал
5

Луд кош со сирената, цела сала на Њујорк Никс во делириум

Кошарка
6

Мурињо за Роналдо: „Си ги мијам рацете и не зборувам“

Фудбал
7

Нервоза во Битола: Срам да ви е на сите играчи и тренери

Ракомет
8

Проблеми во Баерн, Кејн ги повредил лигаментите

Фудбал
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Напредни проблеми во бугарскиот јазик

Македонштина

Некои протестираат против миграцијата, некој против војните...

Балканштина

Мали тајни на хрватските мајстори на заверите

Македонштина

Кога жените ќе стивнат

Балканштина

Вам ви гледале на кафе за овој проблем?

Балканштина

Маца за сообраќајот: Дај, дај, дај!

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Наместо без граници, Европа e денес без срам

Шампионите од Шутка

Питки килими

Штом Кембриџ вика така (втора лекција)

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy