- Милан одигра 1-1 против Рома во дербито на колото во Серија А и продолжи со мизерните резултати целосно соодветни за општата состојба во клубот. Навивачите во текот на мечот скандираа против првиот човек на клубот Кардинале и бараа негова оставка и да ги продаде акциите во клубот.
- Тренерот Пауло Фонсека беше исклучен со црвен картон уште во првиот дел во 43' минута поради протести. Управата соопшти после мечот дека Фонсека не е повеќе тренер а и тој самиот најави од кола на излез од стадионот. Негов сонародник е нов тренер на Милан.
- Серџо Консеисао кој долги години со голем успех го водеше Порто веќе е во Милано и ќе седне на клупата на росонерите. Дебито ќе го има против еден од своите синови кои игра за Јувентус, Франсиско Консеисао. Серџо наводно ќе добие шест-месечен договор вреден милион ипол евра со опција за продолжување на подолг рок ако екипата прикаже добри резултати.
- Легендарниот Хуан Себастијан Верон користи возвишувачки зборови за Нико Паз. Според него ѕвездата на Комо и на Аргентина, ќе ги достигне највисоките можни височини во фудбалот.
- „На 22 години, прави работи што сум ги видел само кај Меси и Марадона. Не велам дека ќе ги достигне тие нивоа, но ги поседува квалитетите за да се обиде да го постигне тоа. И му посакувам успех во остварувањето на таа цел.
- „Соиграчите постојано го бараат и му ја додаваат топката дури и кога е чуван, знаејќи дека тој ќе ги помине противниците со дриблинг и ќе ги остави далеку зад себе. Нико е лидер преку начинот на кој се движи и како се справува со одредени моменти во играта. Тој одлучува кога да го забрза или забави темпото, во зависност од ситуацијата на терено. Може да напаѓа од десната или левата страна, како и низ средината. Тој е секогаш во срцето на играта.
- Не сакам да правам споредби со играчи од различни епохи, но мислам дека Нико Паз е како Верон, само поместен 20 метри понапред. Носи голема вредност за Аргентина, која се обидува да се реизгради во ерата по Меси“, вели поранешниот аргентински репрезентативец.
- Македонскиот фудбалски талент Бленди Лачка го живее својот сон, откако доби можност да тренира со сениорскиот тим на Фенербахче со ѕвезди како Ромелу Лукаку, Н'Голо Канте, Нелсон Семедо, Милан Шкринијар и Едерсон.
- Младиот фудбалер, кој настапува за екипата до 19 години на турскиот гигант и е младински репрезентативец на Македонија.
- Лачка е производ на школата на Јанг Тим од Струга, каде што започнал да тренира уште на петгодишна возраст.