Поранешен тренер на Челси е гостин на струмичка Брера
3 март 2026
- Некогашниот предводник на трофејниот Челси Израелецот Аврам Грант ја посети Струмица каде што ќе го следи натпреварот меѓу Брера Струмица и Струга во рамки на Првата македонска фудбалска лига.
- Аврам Грант во текот на кариерата беше тренер на Макаби Тел Авив, Хапоел Хаифа, Челси, Портсмут, Вест Хем, белградски Партизан и други екипи.
- Грант е во посета на Струмица на лична иницијатива на Зоран Балдовалиев, некогашниот бисер на струмичкиот фудбал и македонски репрезентативец.
- „Оваа посета е уште една потврда за визијата, контактите и амбицијата што Зоки ги вложува во развојот на Брера Струмица. Да донесеш светско фудбалско име во нашиот град значи работа, почит и јасна цел – раст на клубот на сите нивоа“, стои во соопштение од клубот.