- Урош Милошевиќ (31) е уапсен во Португалија откако се обидел да пренесе повеќе од 1,5 тони кокаин, чија вредност се проценува на повеќе од 70 милиони евра, како и две наполнети воени оружја подготвени за употреба.
- Според португалскиот „Жорнал де Нотисијас“, запленетиот кокаин припаѓа на таканаречениот „Балкански картел“, криминална организација која е предмет на поширока истрага од страна на португалските и шпанските истражни органи.
- Апсењето на Милошевиќ е дел од операција против истата организација. Само една недела претходно, биле уапсени уште две лица во Шпанија и им биле запленети 3,7 тони дрога.
- Милошевиќ играл за неколку српски клубови, меѓу кои Чукарички, ИМ Раковица, Телеоптик и Синѓелиќ Белград.
- Ракометниот клуб Вардар 1961 подготвува вистински спектакл за своите навивачи пред враќањето на Лигата на шампионите во Скопје и дуелот со Нант (среда, 18.45), а атмосферата во „Јане Сандански“ ќе започне да се загрева уште пред почетокот на натпреварот.
- „Црвено-црните“ најавија голема фан-зона пред влезот во салата, која ќе понуди бина, музика, забава и голем број активности за сите навивачи кои ќе дојдат да го поддржат Вардар.
- Вардар го очекува првиот домашен натпревар во новата сезона од Лигата на шампионите, а во „Јане Сандански“ гостува француски Нант. Во 1. коло црвено-црните изгубија од германски Мелсунген 33:31.
- „Очекуваме тежок меч, бидејќи сите екипи во ЛШ се силни. Очекуваме голема поддршка од нашите навивачи, бидејќи знаеме што значи тоа за нас и за противниците. Повеќе од една година немаме пораз на домашен терен и сакаме така да остане и во оваа сезона. Мислам дека сме подготвени и влегуваме максимално по првите бодови“, изјави Јака Малус пред прес-конференцијата.
- Вардар на овој натпревар ќе настапи без тројца важни играчи: Милан Лазаревски, Жоао Педро и Милан Бомаштар.
- Во екслузивна вест, белградски Спортклуб денес пишува дека УЕФА одлучила во 2029-та година финалето на Лига Европа да се игра во Белград, финалето на Лига на шампиони на реновираниот „Камп Ноу“ во Барселона. Оваа одлука е донесена на седницата на извршниот комитет на УЕФА во Солун. Финалето на Лига на шампиони во 2028-ма ќе се игра во Минхен на „Минхен Арена“ а финалето на Лига Европа 2028 ќе биде одиграно во Букурешт на фасцинантната „Национална Арена“.
- Финалето во Лига на конференции 2028 ќе се игра на „Јувентус Арена“ во Торино и на „Пушкаш Арена“ во Будимпешта во 2029. Суперкупот на Европа 2028 ќе биде одигран на „Јохан Кројф“ Арена во Амстердам а во 2029-та на „Астана Арена“ во Казахстан.
- Србија гради нов „Национален стадион“ кој ќе биде ултра модерен, ќе чини неколку стотици милиони евра а ќе има капацитет од 52.000 места. Според првобитниот план, би требало да биде завршен на почеток на следната 2028-ма година.
- Србија ќе биде домаќин и на Европското првенство У-21 за млади играчи во 2027-ма заедно со Албанија. Градови домаќини на ова младинско ЕУРО ќе бидат Белград, Лозница, Лесковац и Бачка Топола каде има нови стадиони.
- Белград бил домаќин на финале на Купот на Европски шампиони во 1973-та година кога Ајакс го совладал Јувентус 1-0 и го освоил најзначајниот европски фудбалски трофеј пред 89.484 гледачи.