- Некогашниот центарфор на многу познати клубови како Фиорентина, Рома, Јувентус, Саутемптон, Интер, Бока Јуниорс, Порто, Еспањол, Болоња, Пабло Даниел Освалдо искрено се исповедал на Инстаграм, со солзи во очите раскажал за својата тешка состојба.
- Овој 38-годишен поранешен шпиц на италијанската репрезентација рекол: „Не ми оди добро, веќе некое време чувствувам потреба да кажам дека се борам со депресија која ме доведе до зависност од алкохол и дрога. Очаен сум. Чувствувам дека животот ми бега од контрола. На псијатриско лекување сум, земам лекови. Живеам сам заклучен дома. Не одам никаде, не ме интересира да станам од кревет и излегувам од соба само кога мора да јадам. Паднав во тешка зависност која само ми ја влоши ситуацијата“, вели Освалдо кој во кариерата заработил околу 11 милион евра.
- Освалдо е роден во Аргентина, играше и за аргентински клубови а забележа и 12 настапи за репрезентацијата на Италија (12 за младинска и 14 за сениорска). Кариерата ја заврши во 2020-та како фудбалер на Банфилд.
- Откако решија да не го откупат договорот на Маркус Рашфорд кој беше позајмен од Манчестер Јунајтед, луѓето од управата на Барселона синоќа го претставија новото скапоцено засилување за новата сезона.
- Англискиот репрезентативец Антони Гордон доаѓа на „Камп Ноу“ од Барселона во трансфер вреден 70 милиони евра плус 10 милиони евра во вид на различни бонуси. Гордон потпишал петгодишен договор.
- Напаѓачот доаѓа како замена за Рашфорд и Левандовски кои заминуваат од Барселона.
- Овој трансфер покажува дека Барселона конечно финансиски закрепнала затоа што во претходните преодни рокови мака мачеше со трансфери и регистрација на фудбалерите.
- 45-годишниот голман на ракометниот клуб Радовиш Славјан Паунов синоќа на мечот од доигрувањето за опстанок во Суперлигата против РК Струга, за последен пат го носеше голманскиот дрес на Радовишани.
- Искусниот голман го одигра последниот натпревар во својата неверојатно долга кариера која ја започнал во 1997-ма година.
- Паунов беше највозрасен ракометар кој некогаш играл во домашната Суперлига. Настапуваше уште и за Овче Поле, Тиквеш и Борец ФЛ а најголем дел од кариерата беше во РК Радовиш.
- Младата екипа на Радовиш испадна од Суперлигата но нема да остане запаметена како прва што испаднала во втора лига без ниту една победа затоа што синоќа конечно славеа 32-29 против Струга во последното коло. Стружани играа со изменет состав затоа што главните ракометари беа на поштеда за баражот кој ги чека против Младост Богданци за опстанок во Суперлига.