- Јубилејниот, 20-ти меморијален турнир во мал фудбал Сокол, кој се организира во чест на Оливер Соколов - Сокол (1970-1994), еден од основачите на навивачката група „Комити“, започнува в недела (1.9.2024) во 19:30 часот со ревијален натпревар.
- Турнирот ќе го отворат легенди на Вардар на кои организаторот на турнирот им упатува голема благодарност.
- Сокол остави неизбришлива трага во историјата на ФК Вардар и навивачкиот дух во Скопје и Македонија. За жал, на 18.08.1994 година, во трагична сообраќајна несреќа, неговиот живот прерано згасна.
- ФК Тетекс утрово информираше дека Даниел Николовски го загубил животот во сообраќајна несреќа која се случила во текот на ноќта.
- Тетовскиот клуб ја потврди тажната вест за прераното заминување на 21 годишниот играч, кој беше нераскинлив дел од екипата.
- Николовски ги имаше поминато сите младински категории на Тетекс, по што својата кариера и верност кон клупските бои ја продолжи настапувајќи и за сениорскиот тим.
- Прашање на време беше кога најголемиот на сите времиња според многумина, ќе ја соопшти тажната вест дека се пензионира од репрезентативниот фудбал. Лионел Меси пред неколку недели и официјално се прости од репрезентативниот дрес на Аргентина и сега ќе ни биде тешко да се навикнеме на „гаучосите“ без магичната 10-ка.
- Меси преку официјално соопштение изјави дека се повлекува од репрезентацијата. Тој во 2022 ја носеше Аргентина до толку сонуваната титула Светски шампион.
- Во ситуација кога во репрезентативна пензија летово замина и стоперот Никлас Отаменди кој му беше заменик-капитен на Меси, сега капитенската лента ќе ја носи досегашниот трет заменик капитен, стоперот Кристијан „Кути“ Ромеро кој летово од Тотенхем премина во Атлетико Мадрид.