- Откако Реал Мадрид во неделата го освои првиот пехар во новата 2022 година, шпанските медиуми потенцираа дека Бразилецот Марсело со 24 освоени трофеи станал прв на листата најтрофејни играчи во историјата на Реал Мадрид и дека го надминал легендарниот Пако Хенто кој освоил 23.
- Утрово Реал Мадрид соопшти дека на 88-годишна возраст починал Франсиско Пако Хенто, некогашниот фудбалер и ѕвезда на овој клуб кој пред неколку години беше прогласен за почесен претседател на мадридскиот гигант од „Сантијаго Бернабеу“.
- Шпанецот, често раскажуван од повозрасните како волшебник со топката, играл за Реал Мадрид од 1953 до 1971. Тој одиграл 600 натпревари за „кралскиот клуб“ и постигнал 182 гола. Дресот на репрезентацијата на Шпанија го носел 43 пати.
- Хенто важи за единствен играч во светот кој шест пати го освоил Купот на европски шампиони (КЕШ), денес познат како елитна Лига на шампиони. Својата прва фудбалска сезона во младоста ја одиграл во Расинг Сантандер од каде се преселил во Реал Мадрид.
- Во составот на Реал Пако 12 пати станал шампион на Шпанија, два пати го освоил Купот на Шпанија, а во 1960-та стигнал и до пехарот во Меѓуконтиненалниот Куп.
- Еурофарм Пелистер утревечер со почеток во 18:45 часот, го очекува исклучително важен натпревар на домашен терен против полскиот состав Вибжеже Гдањск во рамките на Европската лига на ЕХФ. Мора да победат доколку сакаат да останат во трка за пласман во елиминациската фаза.
- Пелистер минатиот вторник играше со Гумерсбах, во четвртокот гостуваше во Автокоманда, утре го пречекува Гдањск, в сабота го чека домашна пресметка со Охрид, а веќе следниот вторник патува во Шпанија на можеби клучниот дуел против Ла Риоха. Тоа се пет меча за само 15 дена.
- „Ниту едно тело за кратко време не може да се одмори кога играте три дерби-средби. Тоа никогаш повеќе не смее да се случи и мора да се интервенира во распоредот, да се одложи меч од првенството, бидејќи тоа е добро за македонскиот ракомет, за играчите да се претстават најдобро што можат. Играчите не се животни, се уморуваат – ако немаат време за рекуперација, тогаш не можат да го дадат својот максимум. Ниту едно тело не може да го издржи ова. Но, тоа е што е, мора да размислуваме за Гдањск и за тоа како да победиме“, порача Червар.
- Италијанскиот тенисер, второпласираниот тенисер на светската ранг листа, ќе оди на операција во вторник во Финска каде што ќе го оперира коленото, пишува италијански Ил Џорнале (Il Giornale). Целиот зафат ќе го предводи хирургот Ласе Лемпаинен кој оперирал многу фудбалери и други спортисти досега.
- Синер најверојатно ќе паузира и ќе се опоравува најмалку до сезоната на земјена подлога на пролет а би можел да се врати дури пред Вимблдон односно точно на 1 година од неговиот последен натпревар кога во финалето на овој турнир го совлада Александар Зверев и освои нов Гренд слем.