- Вечерта на 12-ти мај Меммфис Гризлис излезе со соопштение за ненадејна смрт на нивниот кошаркар, крилниот играч Брендон Кларк.
- Причините за смртта на кошаркарот се уште не се објавени, а сочувство изрази и комесарот на НБА лигата Адам Силвер.
- Кларк настапувал за Мемфис Гризлис сите седум години од својата НБА кариера уште од драфтот во 2019-та кога технички го избра Оклахома но на крај Мемфис го доби канадското крило за кое го прати во Оклахома Тандер Дариус Бејли и пик од втората рунда во 2024-та.
- Брендон Кларк бил многу атлетски граден, скаутите во него виделе голем потенцијал уште на универзитетот Гонзага во чиј состав тој станал лидер во НЦАА лигата по број на асистенции а еднаш постигнал 35 поени со 5 блокади.
- Порталот ТМЗ имал верзија дека причина за смртта било предозирање со наркотици. Пред половина месец Кларк бил сопрен од полиција за пребрзо возење а при пребарување во возилото биле најдени марихуана и 200 грама кратом, забранета супстанца во некои земји во Европа но и во САД, поточно во Тенеси каде игра Мемфис Гризлис но не и во Арканзас каде му ја пронашле на Кларк.
- Легендарниот Хуан Себастијан Верон користи возвишувачки зборови за Нико Паз. Според него ѕвездата на Комо и на Аргентина, ќе ги достигне највисоките можни височини во фудбалот.
- „На 22 години, прави работи што сум ги видел само кај Меси и Марадона. Не велам дека ќе ги достигне тие нивоа, но ги поседува квалитетите за да се обиде да го постигне тоа. И му посакувам успех во остварувањето на таа цел.
- „Соиграчите постојано го бараат и му ја додаваат топката дури и кога е чуван, знаејќи дека тој ќе ги помине противниците со дриблинг и ќе ги остави далеку зад себе. Нико е лидер преку начинот на кој се движи и како се справува со одредени моменти во играта. Тој одлучува кога да го забрза или забави темпото, во зависност од ситуацијата на терено. Може да напаѓа од десната или левата страна, како и низ средината. Тој е секогаш во срцето на играта.
- Не сакам да правам споредби со играчи од различни епохи, но мислам дека Нико Паз е како Верон, само поместен 20 метри понапред. Носи голема вредност за Аргентина, која се обидува да се реизгради во ерата по Меси“, вели поранешниот аргентински репрезентативец.
- Македонскиот фудбалски талент Бленди Лачка го живее својот сон, откако доби можност да тренира со сениорскиот тим на Фенербахче со ѕвезди како Ромелу Лукаку, Н'Голо Канте, Нелсон Семедо, Милан Шкринијар и Едерсон.
- Младиот фудбалер, кој настапува за екипата до 19 години на турскиот гигант и е младински репрезентативец на Македонија.
- Лачка е производ на школата на Јанг Тим од Струга, каде што започнал да тренира уште на петгодишна возраст.