- Бразилската фудбалска федерација (CBF) потврди дека му врачила отказ на досегашниот селектор Доривал Жуниор, само три дена откако Аргентина ги декласираше со 4-1 на „Монументал“ во Буенос Аирес во квалификации за Светско првенство 2026.
- 62-годишниот тренер беше под голем притисок по слабите резултати и игри на „селесао“ во квалификациите за Мундијалот. Тој седна на клупата на Бразил во јануари 2024 и на 16 натпревари забележа 7 побед, 7 нерешени и 2 порази. Под негово водство Бразил постигна 25 гола и прими 17.
- На Копа Америка 2024 Бразил беше елиминиран од Уругвај во четвртфинале. Бразилците веќе подолг период се на удар на јавноста и се критикувани дека го изгубиле некогашниот препознатлив идентитет. Бразил е на четврто место во КОНМЕБОЛ квалификациите со 21 бод колку што имаат уште Уругвај и Парагвај. Аргентина е убедливо прва со 10 бода повеќе од нив и веќе се пласираше на Светско првенство 2026.
- Селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список од 35 ракометари кои ќе конкурираат за настап на почетокот од квалификациите за Европското првенство во 2028 година.
- Од оваа група, стручниот штаб дополнително ќе избере 16 ракометари кои ќе ги одиграат двата воведни натпревари. Првиот квалификациски дуел е закажан за 4 ноември (19 часот), кога Македонија ќе го пречека Луксембург, додека четири дена подоцна (8 ноември во 16 часот) нашиот национален тим ќе гостува кај Грција во градот Халкида.
- Прв повик доби натурализираниот Украинец, кој настапува за Пик Сегед Дмитро Хориха, како и Мартин Томовски кој брани одлично за Битигхајм. Сите други ракометари се од домашното првенство.
- Еден од најдобрите фудбалери на ПСЖ и најзаслужен за две европски шампионски титули, Грузиецот Хвича Кварацкхелија синоќа пружи извонредна партија во победата 4:2 против Барселона, но за жал се повреди во 59' минута при еден дуел со Чави Еспарт и не можеше да го продолжи натпреварот.
- Денешните и синоќешните снимки покажале дека Кварацкхелија ги скинал предните вкрстени лигаменти, што е една од најтешките повреди кај спортистите. Го очекува пауза најверојатно до крајот на сезоната, односно околу 8-9 месеци.