Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Разно
    • Кец у два
    • Навивачи
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • Фудбал
  • Кошарка
  • Ракомет
  • Разно
  • Кец у два
  • Навивачи
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Offside › Набрзинка

ПК Љуботен одбележи 100 години постоење со свечена академија

17 ноември 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • „Сè започнува во 1920-тите години кога во Тетово доаѓа Орестије Крстиќ, шумарски инженер кој студиите ги завршил во Франција а подоцна станал и градоначалник на Тетово“, рече Јован Божиновски на свеченоста во Културниот дом во Тетово каде пред повеќе од 500 гости говор одржа и претседателката на Македонија Гордана Силјановска-Давкоква, а признанија и плакети добија најзаслужните за златниот јубилеј - 100 години Планинарски клуб „Љуботен“.
  • Во првиот дел на свечената академија беа доделени и првите признанија. Меѓу наградените беше и Сашко Кедев, кој во своето обраќање истакна дека за сите негови подвизи се подготвувал токму на Шар Планина, препорачувајќи ја зимската патека до Титов Врв за сите кои сакаат сериозно да се занимаваат со планинарење. Меѓу наградените беше и Јован Попоски – ветеран на македонскиот алпинизам и водич на Хималајските експедиции, како и дел на експидицијата со Диме Илиевски – Мурато.

  • Набрзо после планинарењето доаѓа и скијањето, па е формирана и скијачката секција во рамките на „Љуботен“, а клубот интензивно работи и се развива. Во 1931 тие го градат планинарскиот дом, веднаш под врвот Љуботен и тоа е првиот планинарски дом во Македонија, а во 1935 се гради планинарски дом на Попова Шапка. Со ова почнуваат да се организираат и првите скијачки натпревари.
  • Низ овие сто години од постоењето 'Љуботен' собрал голема архива документи, фотографии и предмети поврзани со планинарењето, па има желба еден ден да се отвори и музеј кој ќе биде посветен на планинарството во Македонија.
извор

Милко Ѓуровски: Во срцето сум ѕвездаш, но го сакам и Партизан

9 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • „Би сакал да одиграм уште едно вечно дерби на Маракана, пред 50-60 илјади луѓе. Како заколнат ѕвездаш, би го избрал дресот на Црвена Ѕвезда. Дефинитивно го сакам и Партизан, таму поминав четири феноменални години, навивачите беа супер со мене и ме поддржуваа. Знам дека навивачите на Ѕвезда на некој начин ми замерија за трансферот, но сепак би се одлучил да играм за Ѕвезда против Партизан, бидејќи во срцето сум Звездаш. Мислам дека сум еден од ретките кои отворено го кажуваат тоа, во срцето ги носам и црвено-белите и црно-белите бои“.
  • „Уште од мал сум го сакал Охридското Езеро – чисто е, ладно, тука е и охридската пастрмка. Се сеќавам уште од дете кога доаѓавме на екскурзии на Црн Дрим. Подоцна доаѓав со ветераните, игравме на Билјанини Извори, бевме и со младата репрезентација У-21 на подготовки кога Илиевски беше селектор и спиевме во воените бунгалови. Јас сум Македонец и за Охрид ме врзуваат многу емоции“.
  • „Во наше време, на играчите од Југославија им беше забрането да одат во странство пред да наполнат 28 години. Затоа некој како Пижон, Шестиќ или Дуле Савиќ играше по 10 години во Ѕвезда, и нормално беше едно дете од својата 9-та до 19-та година да ги гледа како идоли. Денес сите зборуваат само за Роналдо и Меси. Денешниот фудбал во Србија, Македонија, Словенија нема некој посебен квалитет. Се купуваат странци од послаби лиги, а фокусот е повеќе на парите отколку на градењето вистински идоли“, вели поранешниот македонски репрезентативец во интервју за ohridnews.
извор

Ден „Д“ за Вардар – преку Висла Плоцк брка први бодови во Лига на шампиони

8 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Во центарот на вниманието денеска ќе биде мечот меѓу Вардар и Висла Плоцк во СЦ „Јане Сандански“ од 20:45 часот.
  • Ова е дуел на кој со победа Вардар ќе ги продолжи надежите за место во ТОП 12 во Лигата на шампионите, а пораз практично ќе значи преселба во Лигата на Европа или елиминација.
  • Вардарци против Висла Плоцк досега имаат одиграно шест средби на кои досега запишаа три победи, две реми среби и еден пораз.
  • Полскиот вицепрвак сезонава во групата играше драматични натпревари и загуби кај Нант, а дома го победи Мелсунген. Во составот на Чави Сабате се прекалени борци како Дашек, Крајевски, Сита, Реј Моралес, Шушња…но и Косоротов, Илиќ, Ричардсон, Давиџик, Михиќ…а голманскиот пар го сочинуваат Алиловиќ и Вујовиќ.
  • Покрај дуелот меѓу Вардар и Висла Плоцк, во Лигата на шампионите се играат уште пет средби во Берлин, Загреб, Барселона, Касел и Архус.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Offside
1

Аплаузи за Пица Шеф

Разно
2

Еволуција на еден разговор

Балканштина
3

Отиде легендата

Музика
4

Како изгледаше „скролање“ во 1989 година

Медиуми
5

Деманти се за наивни

Балканштина
6

Па да остават ли децата да се коцкаат?

Македонштина
7

И да го спасат, нема да се спаси

Возила
8

Ненормален гол во Виетнам, коментаторот грло одра

Фудбал
1

Ненормален гол во Виетнам, коментаторот грло одра

Фудбал
2

Каењето на Алекс Фергусон за вечерата со Гвардиола

Фудбал
3

Има нешто чудно во рускиве тенисери Медведев и Рубљов

Разно
4

Ѓоковиќ: Цел се тресам, дајте ми нешто за пиење

Разно
5

Отиде Левандовски во бејзбол

Разно
6

70% од испитаниците во Португалија не го сакаат Роналдо во репрезентација

7

Ова не се купува со пари

Навивачи
8

Дефиниција за контра-напад од учебник

Фудбал
* за последни 24 часа

Локалности

Медиуми

Како изгледаше „скролање“ во 1989 година

Македонштина

Па да остават ли децата да се коцкаат?

Балканштина

Деманти се за наивни

Балканштина

Еволуција на еден разговор

Балканштина

Женска лојалност

Македонштина

„Само една пијачка“

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Честит 9-ти мај

Оние кои го губат јазикот, го губат и здравјето

Додека ние сме живи, и додека тие се живи, вака:

Гратче и сестричка

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy