Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Разно
    • Кец у два
    • Навивачи
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • Фудбал
  • Кошарка
  • Ракомет
  • Разно
  • Кец у два
  • Навивачи
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Offside › Набрзинка

Пикси останува селектор на Србија

11 јули 2024
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Како што дознава Моцартспорт, на Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) закажан за во петок, ќе биде потврден актуелниот селектор Драган Стојковиќ Пикси кој има договор до 2026-та година.
  • Српската фудбалска репрезентација разочара на Европското првенство и освои само 1 бод од можни 9 во група со Англија, Словенија и Данска. Српските фудбалери играа слаб фудбал и завршија како една од најслабите на Европското.
  • Јавноста во Србија се крена и бараше Стојковиќ да биде отпуштен но тој ќе остане селектор. Тој пред сам почеток на Европското, во мај месец го продолжи договорот до 2026-та година а за предвремен раскин една од страните ќе треба да плати оштета од 1 милион евра.
извор

Миовски пред Шкотска: Време е за заедништво - поддршката од публиката ни е ептен потребна!

2 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Напаѓачот на македонската фудбалска репрезентација и член на шкотскиот великан Глазгов Ренџерс, Бојан Миовски, побара максимална сплотеност и најави поинаков пристап пред утрешниот дуел против Шкотска во Лигата на нации од 20:45 часот.
  • По воведните порази од Швајцарија и Словенија, нашиот голгетер верува дека излезот од резултатската криза лежи исклучиво во тимската игра. Свесен за притисокот по лошиот старт, Миовски потенцираше дека сега е моментот зборовите да се преточат во дела на зелениот терен.
  • „Секој период во репрезентацијата носи свои предизвици. Немаме посакувани резултати како што очекувавме, но сега сме во момент кога треба да покажеме заедништво. Можеме да зборуваме многу, да кажуваме било што, но сега треба да бидеме тим и тоа на дело да го докажеме на терен“, изјави Миовски.
  • „Ние играме дома и мораме да бидеме како еден колектив, не сме селекција која може да се потпре на индивидуален квалитет. Ако бидеме колектив, ќе се вратат резултатите. Фудбалот се игра за публика, колку е пополн стадионот, толку и самодовербата е поголема. Знаеме и свесни сме дека сме во криза, затоа ги повикувам сите навивачи да ни ја дадат поддршката сега кога е најтешко.“

извор

Седлоски: Не дека селекторот се вади, но факт е дека националните тимови во Б дивизијата се подобри

2 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • „Овие момци тука кои се, ве молам дајте им поддршка на сите. Ја подмладивме репрезентацијата, уште ќе подмладувам. Критиките нека одат кај мене, а јас по договор со федерацијата ќе подмладувам. Сакаме да создадеме нови играчи, го кажав тоа по мечот во Љубљана и на тој процес останувам до крај.
  • Играме во Лигата Б, не е дека селекторот се вади, туку факт е дека националните тимови се подобри. Кога доаѓав, знаев каде влегувам и знаев со какви репрезентации се игра. Кога игравме и во Лигата Ц се мачевме и во нападот и со головите. Работам, гледам, следам и знам што правам.
  • Спремни сме да излеземе на терен, да покажеме карактер и она што го играме во Словенија, од кое можам да бидам задоволен освен од резултатот, да продолжиме во тој ритам, да не се браниме.“, изјави Седлоски.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Offside
1

АНБ со мирис на УДБА

2

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

3

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

4

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
5

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Македонштина
6

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

7

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Фудбал
8

За македонцките стенд-ап ужаси

Разно
1

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
2

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Фудбал
3

Кој е стариот волк кој се справи со егото на Роналдо?

Фудбал
4

Насловна на денот

Фудбал
5

Шкотските навивачи имаат посебна култура на гостувања како никој друг

Навивачи
6

Седлоски: Не дека селекторот се вади, но факт е дека националните тимови во Б дивизијата се подобри

7

Ибра со свое видување за парите и Манчестер Сити

Фудбал
8

Волтемаде се посрамоти од два метри

Фудбал
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Зденка цела да е

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Кога Штулиќ кршеше гитара на сцена

Зошто Библијата е толку лошо напишана?

Приказната за Амариљо Слим

Зошто ја напуштив архитектурата

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy