- На денешен ден, 25-ти ноември 2020-та година почина легендарниот аргентински волшебник Диего Армандо Марадона.
- Диего почина на 60 години од срцеви проблеми. Неговите фудбалски вештини подеднакво ги следеа контроверзи како на теренот такаи надвор од него.
- Почнал да игра фудбал со желба на сиромашните родители еден ден да им купи куќа а после неколку децении го покори целиот свет. Во Неапол го пречекаа 85.000 луѓе, им донесе шампионско скудето а стадионот во овој град го именуваа по него „Диего Армандо Марадона“.
- Само два дена откако ненадејно почина Агрон Мемеди од Шкендија кој колабираше на тренинг, нова црна вест во македонскиот. На 46 години замина Владимир Секуловски.
- Беше во составот на националниот тим на квалификацискиот натпревар против Лихтенштајн за ЕП 2004 година, иако тогаш не доби можност да влезе во игра.
- Секуловски настапуваше за повеќе македонски екипи со кои освојуваше шампионски титули и Куп трофеи: Тетекс, Вардар, Слога Југомагнат, Работнички, Македонија Ѓорче Петров и Осогово.
- За сега нема официјални информации за причината за смртта.
- Долгогодишниот репрезентативец, Висар Муслиу, даде искрена изјава после големото разочарување на Македонија во Б дивизијата од Лигата на нации, каде ги загуби сите натпревари со гол разлика 1-15.
- „Ова е резултатска и играчка криза. Не покажавме добро нешто на терен, веќе десет натпревари не го даваме тоа што треба на терен. Мора да ставиме прст на глава, да размислиме како се однесуваме, како играме и мора да се подобри оваа ситуација.
- Тешко е дека може да извлечеме нешто позитивно од овој циклус, оваа ситуација мора детално и добро да ја анализираме и да се поправиме“, рече Муслиу.