- Српската јавност е шокирана откако селекторот на кошаркарската репрезентација, легендарниот Светислав Кари Пешиќ се реши на само неколку дена по стартот на подготовките за Европско првенство да го прецрта Милош Теодосиќ.
- Најдобриот играч во Еврокупот за изминатите две сезони кој освои две МВП награди по ред, веќе 10-ина години беше лидер на репрезентацијата на Србија која се надеваше дека конечно ќе има полн состав откако дојде и Никола Јокиќ од НБА.
- ФИФА објави извештај од вкупната заработка на фудбалските менаџери која се однесува за периодот 1 јануари - 1 декември 2025.
- Изнесува 1,37 милијарди долари, 90% повеќе од минатата година. Претходниот рекорд бил 890 милиони долари, регистриран во 2023-та.
- Најголеми трошачи се англиските клубови, кои за менаџери издвоиле 375 милиони долари, а втори се германските клубови со 165 милиони долари.
- Оваа година, клупските агенти биле вклучени во вкупно 3.010 меѓународни трансфери, што е нов рекорд и зголемување од 38% во споредба со лани.
- „Без инфраструктура не може да барате и да очекувате врвни резултати, и токму тоа е процесот или реформите кои ги започна Министерството за спорт. Мислам дека тоа не е процес кој може да даде резултати преку ноќ, меѓутоа, драго ми е што се забележува и во јавноста дека спортската инфраструктура ги прави првите чекори на промените во спортот или реформите во спортот“, вели министерот за спорт Борко Ристовски во интервју за МИА
- „Министерството за спорт не може да креира успеси во спортот. Успесите ги креираат федерациите, клубовите, тренерите. Ние сме тука да направиме услови што е можно подобри за тие луѓе да можат да работат и да создаваат успеси.“
- „Мислам дека имаме повеќе приоритети. Еден од нив е донесувањето на новиот закон за спорт, подобрување на спортската инфраструктура, обезбедување на средствата или субвенциите од државата на вистински начин и со тоа да стимулираме што е можно повеќе спортски резултати.“