- Со 40 гласови „за“ и еден „против“, трикратниот европски првак е реизбран за претседател на кошаркарската федерација во следните четири години.
- Како предводник на мак баскетот, Антиќ дојде во 2019 година кога го наследи Петар Наумоски, а и тогаш и сега немаше противкандидати.
- Во неговиот прв мандат сменети се четири селектори на сениорскиот национален тим: Јорданчо Давитков, Александар Тодоров, Драган Бајиќ, а сега селекцијата ја води Александар Јончевски.
- Најави нов генерален спонзор на лигата кој се очекува да се официјализира за три дена. Завршната сметка на КФМ за 2022-ра ја имате тука.
- Завршувањето на УС опен донесе големи промени на АТП-листата, а најголемо внимание предизвикува падот на Новак Ѓоковиќ. Српскиот тенисер од денеска повеќе не е меѓу десетте најдобри тенисери во светот.
- Јаник Синер останува прв со 11.500 бодови, но неговата предност пред Александар Ѕверев е значително намалена. Германецот по освојувањето на Отвореното првенство на САД стигна до 8.990 бодови и дополнително се доближи до лидерската позиција.
- Карлос Алкараз ја задржа третата позиција со 5.560 бодови.
- ФК Тетекс утрово информираше дека Даниел Николовски го загубил животот во сообраќајна несреќа која се случила во текот на ноќта.
- Тетовскиот клуб ја потврди тажната вест за прераното заминување на 21 годишниот играч, кој беше нераскинлив дел од екипата.
- Николовски ги имаше поминато сите младински категории на Тетекс, по што својата кариера и верност кон клупските бои ја продолжи настапувајќи и за сениорскиот тим.