- Германски параглајдерист, од засега непознати причини, паднал од голема височина на непристапен и карпест терен на Галичица и тешко се повредил.
- За негова среќа, во тој момент тројца спасители на Планинската спасителна служба (ПСС) се наоѓале во планинарската куќа „Спиридон“, веднаш до спасителната станица, која располага со специјализирана опрема за вакви интервенции. Тимот за само 15 минути пристигнал на местото на несреќата, извршил имобилизација на повредениот и започнал тежок транспорт по стрмен терен, кој дополнително бил усложнет од ноќните услови.
- По повеќе од еден час напорна акција, повредениот бил безбедно спуштен до превојот Баба и предаден на екипа на Итната медицинска помош од Охрид. Тој веднаш бил пренесен во Специјалната болница „Св. Еразмо“, каде му биле констатирани фрактури на пет пршлени во долниот дел на рбетот.
- Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Чешка Давид Трунда изјавил дека во предлогот на Џани Инфантино за продажба на правата на Мундијал на приватна компанија гледа прилика за „дополнителен развој на националниот фудбал и вложување во инфраструктурата и младинските програми“.
- Планот на ФИФА односно на нејзиниот прв човек Инфантино е Светската фудбалска организација да основа нова компанија која би управувала со правата на Светските првенства во фудбал за мажи и Светско клупско првенство за жени и да овомозжи вле на приватен капитал. УЕФА и ЕУ бурно реагираа на оваа идеја.
- „Гледам конкретна корист за чешкиот фудбал низ блиска соработка со Џани Инфантино и неговиот тим. Секако потребно е да добиеме повеќе информации но мојот личен впечаток е дека овој план може да донесе многу позитивни ефекти“, рекол Трунда.
- Компанијата ФИФА Форвард Ентерпрајз би имала капитал од 20 милијарди долари кои би се распределиле на 211 членка на ФИФА. ФИФА би задржала мнозински контролен пакет а 20% од акциите би оделе на приватни инвеститори.
- Легендарниот италијански репрезентативец, Алесандро Неста преку суров пример само ја потврди очајната ситуација во која се наоѓа националниот тим на неговата земја.
- „Син ми кој има скоро 18 години, никогаш не ја гледал Италија на Светско. Кога ќе му кажам дека бевме светски прваци, тешко му е да поверува“, вели шампионот од Мундијалот 2006-та.
- За Неста, таа фраза сумира сè. Историска репрезентација, четири ѕвезди на градите, а сега цела генерација ја знае Италија само надвор од Мундијалите.