- Македонската фудбалска легенда Горан Пандев е поставен за спортски директор на сите национални селекции, по што реши да си поднесе оставка од претседателската функција во прволигашот Брера Струмица.
- По именувањето на новата позиција во ФФМ, Пандев се повлекува од Брера за да нема судир на интереси.
- Тој е основач на ФК Академија Пандев, а со превземањето од Брера Холдинг беше поставен на функцијата претседател со цел да се даде нова димензија на функционирање и градење на еден професионален клуб.
- Бразилскиот фудбалер Нејмар се враќа во Сантос, својот матичен клуб во Бразил кој го лансираше во ѕвездите. Последно Нејмар играше за Ал Хилал во Саудиска Арабија но поради повреди повеќе беше надвор од теренот отколку на теренот.
- Тренерот на Ал Хилал Жорж Жезус неодамна изјави дека Нејмар не може веќе да игра на нивото на кое ја навикнал јавноста.
- Нејмар веќе е во Бразил каде треба да потпише договор. Тој ќе го раскине договорот со Ал Хилал со заедничка спогодба и ќе остане „пократок“ за 65 милиони долари колку што требаше да заработи до крајот на договорот.
- Некогашниот фудбалер на повеќе италијански клубови меѓу кои и Рома и Интер, 30-годишниот Раџа Наинголан е уапсен од белгиската полиција поради шверц на кокаин.
- Наинголан кој има 30 настапи за Белгија со која играше и на Светско и на Европско првенство, важеше за еден од најдобрите фудбалери од среден ред и најголеми фајтери во неговото време.
- Тој минатиот вторник потпишал договор со белгискиот второлигаш Локерен, а во Белгија е веќе неколку месеци по заминувањето од Италија.