- Одекна силна бомба од Џенова. Горан Пандев влегува во ФФМ и ветува дека работите ќе тргнат на подобро.
- „Се гледа сонце на крајот од тунелот во ФФМ. Се радувам на оставката на Муамед Сејдини по која работите ќе тргнат на многу подобро. Масар Омерагиќ е најдоброто решение, ја сум со него во екипата и подготвен да работам за доброто на фудбалот со сето мое срце и знаење“, вели Горан Пандев во изјава за sportsport.mk
- „Тука сум за мак-фудбалот, ќе бидам дел од новата гарнитура во ФФМ и на располагање го ставам сето мое знаење и контакти за доброто на сите. Не чека многу работа, темелни промени и комплетна реорганизација во младинскиот фудбал“.
- „Ќе бидам во Скопје деновиве, ќе се видам со идниот претседател на ФФМ и сакам да бидам на Собранието на 22 декември. Воедно им честитам на сениорите за успехот во Лигата на нации, но тој успех треба да се надогради и потврди во квалификациите за СП кои се играат од март“.
- Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Чешка Давид Трунда изјавил дека во предлогот на Џани Инфантино за продажба на правата на Мундијал на приватна компанија гледа прилика за „дополнителен развој на националниот фудбал и вложување во инфраструктурата и младинските програми“.
- Планот на ФИФА односно на нејзиниот прв човек Инфантино е Светската фудбалска организација да основа нова компанија која би управувала со правата на Светските првенства во фудбал за мажи и Светско клупско првенство за жени и да овомозжи вле на приватен капитал. УЕФА и ЕУ бурно реагираа на оваа идеја.
- „Гледам конкретна корист за чешкиот фудбал низ блиска соработка со Џани Инфантино и неговиот тим. Секако потребно е да добиеме повеќе информации но мојот личен впечаток е дека овој план може да донесе многу позитивни ефекти“, рекол Трунда.
- Компанијата ФИФА Форвард Ентерпрајз би имала капитал од 20 милијарди долари кои би се распределиле на 211 членка на ФИФА. ФИФА би задржала мнозински контролен пакет а 20% од акциите би оделе на приватни инвеститори.
- Легендарниот италијански репрезентативец, Алесандро Неста преку суров пример само ја потврди очајната ситуација во која се наоѓа националниот тим на неговата земја.
- „Син ми кој има скоро 18 години, никогаш не ја гледал Италија на Светско. Кога ќе му кажам дека бевме светски прваци, тешко му е да поверува“, вели шампионот од Мундијалот 2006-та.
- За Неста, таа фраза сумира сè. Историска репрезентација, четири ѕвезди на градите, а сега цела генерација ја знае Италија само надвор од Мундијалите.