Олимписките игри ќе забрануваат учество на транссексуалци
11 ноември 2025
- Строгата нова политика веројатно ќе им забрани на трансродовите спортисти да се натпреваруваат на Олимписките игри, откако е направен научен преглед на доказите.
- Др. Џејн Торнтон, медицински и научен директор на комитетот, поднел извештај до членовите на МОК, со научни докази дека постојат физички предности од раѓањето како маж, кои остануваат дури и по намалувањето на нивоата на тестостерон.
- Атлетиката и пливањето се забранети за трансродовите спортисти, но некои спортови како фудбалот им дозволуваат учество сè додека тие преземат мерки за намалување на нивото на тестостерон.
- Лорел Хабард од Нов Зеланд, стана првата трансродова жена што се натпреваруваше на Олимписките игри во 2021 година, но без успех во кревање тегови во категоријата за жени +87 кг.
- Најголемо медиумско внимание предизвикаа боксер(к)ите Имане Келиф и Лин Ју-Тинг, кои освоија контроверзни златни медали на Олимписките игри во Париз минатата година и покрај тоа што наводно не ги исполниле критериумите за подобност за пол на Светското првенство во бокс.