Одбојкарската кралица ја доби круната
5 мај 2026
- Една од најдобрите одбојкарки на светот, Србинката Тијана Бошковиќ после бројни злата, пехари, бронзи и сребра на Европски, Светски првенства и на Олимписки игри, конечно го освои и трофејот кој го сонуваше цела своја кариера - оној од Лига на шампиони.
- Долго европската одбојка го чекаше овој момент и конечно се случи. Тијана Бошковиќ речиси повеќе од 10 години е најдобра европска одбојкарка и сега конечно во големото финале со екипата на Вакифбанк го совлада „својот“ Езачибаши во кој играше скоро цела деценија.
- 29-годишната одбојкарка од Требиње има 11 медали од кои 4 злата, 4 сребра и 3 бронзи од најголемите првенства.
- Вакифбанка победи 3-1 а Тијана Бошковиќ имаше 33 поени во финалето со учинок 31/48. Ова е седми пехар за Вакифбанк во Лига на шампиони, а екипата предводена од италијанскиот тренер Џовани Гвидети стигна до трофејот без ниту еден пораз во Лига на шампиони сезонава.