- Неколку денови се зборуваше, а пред крајот на НБА отворениот прозор за преселби и трампи, Кевин Дурент сепак не сакал да се врати во Голден Стејт Вориорс.
- Но во повеќекратниот шампион сакал големиот Џими Батлер кој долго време беше суспендиран од Мајами Хит и пропушти неколку натпревари поради недисциплина.
- Батлер сега со Стеф Кари ќе го формираат еден од најјаките тандеми во НБА лигата. Мајами Хит за возврат ги доби: Денис Шредер (31), Ендрју Вигинс (29) и Кајл Андерсон (31). Мајами ќе добије и заштитен пик од првата рунда на следниот драфт. Батлер на Флорида мина неполни шест сезони и за тоа време два пати го водеше Мајами Хит до финалето на НБА лигата. Рекордер е на клубот по број на трипл-дабл учиноци.
- Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Чешка Давид Трунда изјавил дека во предлогот на Џани Инфантино за продажба на правата на Мундијал на приватна компанија гледа прилика за „дополнителен развој на националниот фудбал и вложување во инфраструктурата и младинските програми“.
- Планот на ФИФА односно на нејзиниот прв човек Инфантино е Светската фудбалска организација да основа нова компанија која би управувала со правата на Светските првенства во фудбал за мажи и Светско клупско првенство за жени и да овомозжи вле на приватен капитал. УЕФА и ЕУ бурно реагираа на оваа идеја.
- „Гледам конкретна корист за чешкиот фудбал низ блиска соработка со Џани Инфантино и неговиот тим. Секако потребно е да добиеме повеќе информации но мојот личен впечаток е дека овој план може да донесе многу позитивни ефекти“, рекол Трунда.
- Компанијата ФИФА Форвард Ентерпрајз би имала капитал од 20 милијарди долари кои би се распределиле на 211 членка на ФИФА. ФИФА би задржала мнозински контролен пакет а 20% од акциите би оделе на приватни инвеститори.
- Легендарниот италијански репрезентативец, Алесандро Неста преку суров пример само ја потврди очајната ситуација во која се наоѓа националниот тим на неговата земја.
- „Син ми кој има скоро 18 години, никогаш не ја гледал Италија на Светско. Кога ќе му кажам дека бевме светски прваци, тешко му е да поверува“, вели шампионот од Мундијалот 2006-та.
- За Неста, таа фраза сумира сè. Историска репрезентација, четири ѕвезди на градите, а сега цела генерација ја знае Италија само надвор од Мундијалите.